Како и секоја работа или медал што има две страни, така и субвенциите за намалување на цената на гасот и на фосилните горива имаат своја негативна страна, а тоа е забавување на мотивацијата за намалување на емисиите на штетни супстанци во воздухот. Се разбира дека има претпријатија во Македонија и во регионов чии менаџерски тимови имаат свои енергетски менаџери, едуцирани преку разни европски фондови кои стимулираат разни курсеви, семинари, или подолгорочни школи за енергетски менаџмент, но уште голем број мали и средни претпријатија енергетската ефикасност не ја ставаат во деловниот приоритет. Конзервативните менаџери дури принципите на енергетстата ефикасност, односно на зелената економија ги  семтаат дури и за неважни, иако, поради последиците од климатксите промени, трпат финасиски загуби на своите фирми,  несвесни дека тоа е реверзибилен роцес. А што е зелената економија, со која треба да живееме сите и да го смениме начинот на размислување и односот кон природата, која трпи насилство уште од почетокот на индустрискта револувција(1760) до денес. 

Што е зелена економија?

Според една публикација во рамките на проектот “GEAR-Green economy for advanced region”

(„Зелена економија за напреден регион“), „зелената економија е резултат од настојувањата економијата да стане еколошки поодговорна, а со тоа и понапредна, создавајќи рамномерно и позитивно влијание на општеството и на животната средина. Поимот Green economy се појавува 1989 година во делата на група британски економисти од Лондонскиот центар за еколошки одржлива економија (Пирс, Марканди и Барби), но таа како концепт и начин на размислување е вкоренета во делата на голем број научници и истражувачи, тема е на конференции на Обединетите нации, како и настојувањата на невладините организации севкупниот развој на човештвото да го насочат кон одржлив и одговорен начин на планирање и дејствување.“

Затоа, препорачува брошурата, секоја земја треба да има долгорочен план на развој на зелената економија со јасно одредени приоритентни подрачја. Сдудбината на слабите економии, каква што е нашата, поради недостиг на знаење, технологии, финансиски средства и јавна поддршка, не можат истовремено да ги помагаат  сите подрачја на развој, особено не во време на големи економски кризи, каква што е актуелнва. Државната помош се сведува на целта за гол опстанок на претпријатијата, со цел да нема отпуштање на работници што би било уште еден огромен удар на страната на побарувачката, во време на увезена и непредвидена инфлација, што значи дека, ако има отпуштања, сиромаштијата ќе удри по другите социјални фондови и на крајот, пак државниот буџет ќе биде изложен на силен притисок и главоболка на власта, која и да е.

Климата и претпријатијата

Навидум чудно, но, ако ги гледаме климатските промени низ призмата на претпријатијата, како посредници меѓу ресурсите и побарувачката, ќе заклучиме дека тие носат огромна одговорност за климтските промени и за здравата животна средина, па и за животниот стандард.

Малите и средните претпријатија на Западниот Балкан се жалат дека нивната држава уште нема, или се тие многу мали буџетски ставки, за стимулации за позеленување на нивните еколошки деловни модели. А, екстремите во климата ги погодува малите и средните претпријатија (МСП) на Западниот Балкан, како и секаде во светот. Во анкетата на Европската инвестициона банка (ЕИБ), 10 % од испитаниците во Анкетата за претпријатијата, пријавиле загуби од екстремни временски непогоди во трите години пред интервјуто. Но, префрлањето и зависноста и очекувањата од државата стана здодевен рефрен, а штом нешто многу се повторува станува и неуверливо. Па така,  од студијата на ЕИБ се гледа ограничена свест кај МСП за прашањата за животната средина, бидејќи само 21 % од МСП инвестираат во енергетска ефикасност, а 59 % се изјасниле дека не применуваат никакви климатски мерки, и сметаат дека таквата инвестиција не е приоритет.

ЕКО- менаџмент

Поконкретно, извештајот покажува дека климатските инвестиции зависат и од менаџерскиот капацитет и од пристапот до финансии. Заклучок е дека ефективната интервенција ќе ги реши, како финансиските ограничувања, така и тесните грла во производството кои произлегуваат од законите што се однесуваат на заштитата на животната средина.

Сите студии во оваа област укажуваат на тоа дека современите енергетски менаџери се лидерите на иднината. Тие би требало да бидат луѓе кои владеат со техника за одржлив развој, со стратешки решенија за проблемите во подготовката на неговото дејствување преку различни активности на локално и глобално ниво, преку оддржливи  проекти и образованието.

Што се оденесува до граѓаните, тие, со своите активности, мораат да даваат позитивен пример за тоа како граѓанскиот сектор може да биде партнери со носителите на одлуки за создавање позитивни промени, бидејќи зелената политика  може да го зајакне кредибилитетот на земјата и регионот.

 

Во ваков партнерски однос во костец со проблемите со животната средина, без партиски бои, туку во соработка,  преку дијалог, разбирање и усогласување на законите  можат да се направат големи позитивни промени на национално и регионално ниво, да се произведат енергетски менаџери со здрава едукација, за што постои големо расположение од страна на фондовите што и се на располагање на Европската унија. Само треба да се „копа“ и да се има волја за тоа.