Постојано се поставува прашањето, зошто Македонија не може сама да си го прехрани своето население, туку, при толку поволна клима и квалитетна почва, увезува храна, многу често со слаб квалитет“.  

„Ако сакаме да имаме здраво земјоделство треба да му се пресечат пипалата на земјоделскиот октопод“, вели за Анторис, земјоделскиот аналитичар Љупче Станковски. 

  • Дали нашата незрела земјоделска политика во сите овие години и децени доведе да се плашиме за нашата  основна егистенцијална потреба – храната?
  • Во поранешна Југославија постоеше стратегија за обработка на сите расположиви површини, без разлика колкава родност имаат, за да има редовно доволно количини храна за домашното население, потоа за стратешките резерви итн. и таа политика се оддржуваше се до распадот на Југославија. Потоа, дојде до израз лакомоста, дефинирана како „капиталистички начин на стопанисување“, зад кое стоеше грабежот, без да се размислува подалекусежно. Енормно се зголеми бројот на трговци кои почнаа да увезуваат американска пченица, која во тој период беше многу евтина. Со тоа, постепено, ја уништувавме земјоделската супстанца, која не се создава така лесно. Да потсетиме дека Америка со добра и рационална земјоделска политика, особено по втората светска војна, стана економска влесила. За нашата земјоделска и воопшто економска состојба многу придонес има и светската глобализација, што ја протежираат западните држави, што се заснова на уништување на тој што прозиведува поскапо (го уништува со своето поевтино производство). Ние тргнавме по таа логика, иако за таа работа ние коњ за трка немаме. Ние сме и така хендиекпирани. Нашава земја нема врнежи, односно воден талог по единица површина, нашата земја е послаба по родност и сите површини кои во поранешна Југославија се садеа по наредба, без ралика што даваа по 1,5 – 2 тона лебно жито на хектар, сега со начинот на издавање на земјоделско земјиште под концесија, нив никој не ги сака, како змејиште со послаба родност. Се земаат само најродните со можност за наводнување, а помалкуродните се оставија и се претворија во запуштени тревници. Сега тоа ни се враќа као бумеранг – увезуваме поскапа пченица, транскација во  која се препознава алчовста на трговците и на политичарите, кои „работат“ здружено. Тврдам дека резрви на пченица во државава нема. Никоја од замјите, со кои им се полни уститие на нашите политчари од ЕУ и од НАТО, не не’ помогна сега кога немаме пченица. Ни помогна соседна Србија, дури се понуди да ни даде пченица. Ни Германија, ни Шпанија, ни Англија, никоја од тие држави не се понуди да ни помогне поради тоа што немаме пченица да го прехраниме населението, барем до следната жетва. 
  • Последнов период власта пројавува иницијатива за зголемување на житните површини и како со тоа да сака да даде до знаење дека е свесна дека домашното производство е најсигурно за прехрана на населението. Како ја коментирате таа иницијатива?
  • Не верувам многу, затоа што таа поликтика не може да се спроведе за една година, ниту за три...  Обично за остварување на неков план во земјоделството треба најмалку 5 години. Да потсетам дека никој од Светската  трговска организација (СТО) нема да се противи на зголемени домашни субвенции за стратешките производи – зејтинот, шеќерот, брашното, месото, млекото, се додека не ги достигнеме произведените  колични за домашните потреби. Сето производство над тоа подлежи на правилата на СТО,  што сме ги прифатиле, што се однесуваат на земјоделската политика. Значи, имаме простор за зголемување на субвенциите за тие производи.
  • Што е проблемот со зејтинот?
  • Ние имаме фабрика, Благој Ѓорев – Велес, која може да ги задоволи потребите на сите граѓани на Македонија. Таа фабрика има затворен процес на производство од суровина (сончоглед) до финален производ – зејтин. Но, немаме сончоглед. Тоа што се сади е доволно за едномесечно производство. За да имаме индустрија, мораме да имаме  основно производство и тоа прво во земјоделието за кое имаме доволен домашен пазар. Тоа производство би апсорбирало гоелм број работна сила која со својата работа би го згоелмила бруто домашниот производ и би ја направиле независна во однос на увозот, барем  на основните стратешки земјоделски производи што ги спомнав пред малку.
  • Зошто не функционира тој синџир?
  • Тој е уништен од алчноста на трговците: „ќе увезуваме од некаде кај што е поевтино“, но ние ништо од тоа не добивме поевтино. Всушност, добивме неквалитет. Добивме палмина маст наместо сирење, млеко во прав со хемиски супстанци ... добивме голем број болести што ги преоптовари домашните болници и огромни трошоци за лекување на заболените, токму поради конзумирање нездрава храна.
  • Дали гледате можност за нови инвеститори на македонските земјоделски површини што би го  ревитализирале  тие напуштени површни?
  • Има потенцијални инвеститори, но не можат да инвестираат во земја во која не постои пазарна економија! На пример, сега, цената на пченицата ја диктираат тројца-четворица откупувачи. Сакам да речам дека мелничките акпацитети ги држат 10тина души кои со еден телефонски разговор се договараат по која цена да им ја откупат пченицата на земјоделците. Со тоа што се договараат да настапат со иста, ниска, ценовна понуда, ги уништуваат произоводителите, на кои не им се исплаќа пченицата да им ја продадат по толку ниска цен и пропаѓаат. Што се однесува до јагнешкото месо, глупоста е токлу голема што политичарите разговараа за цената на јагнешкото месо, а откупувачот претходниот ден разговарал со владата, а после разговараат политичарите. Каде се тука чистите пазарни односи? Наместо да седнат, со аргументи, производителите и откупувачот! Последната кланица, што не им одговараше на спрегата откупувачи-политичари, е затворена со силата на казните, тоа е во Ново Село, струмичко. Сега сточарите можат само на едно место да го продадат јагнето. Тоа се вика монопол! До пред три години јагнешкото месо се откупуваше по 100 ден и таа цена не беше мрдната неклку години. Лани се покачи малку, но поради претходната ниска цена – бројот на стадата значително се налмали. Овчарството зеде замав, но потоа не можеше да пркне.  Затоа имеме големо намалување на добиточниот фонд. Тоа повлекува намалено производство на сирење, веќе овчо сирење е тешко да се најде. Производството на кравјо мелко е паднато за 20 проценти. Тоа укажува на тоа дека бројот на кравите е намален, тоа повлекува намалено производство на добиточна храна и така во круг... Што се однесува до јагнето, имаше многу поволна побарувачка од странски купувачи од арапски држави за живи јагниња, со подобра цена, сакаа да откупат и покрупни јагниња. Имаше исто така интерес од Италијанци, но никој не сака да донесе правилнци за тоа на кој начин да се откупуваат. Таа, една кланица што работи, не сака да им ги заколе, затоа што самата ги откупува по пониска цена и така го држи производството на јагне под контроа и по цена што и’ одговара. Тоа укажува на ступидна политккна на властите односно воопшто негрижа за интресите на земјоделците.     
  • Постои една фама која гласи: „Што ќе произведуваме ние, кога на Кинезите не можеме да им конкурираме со цената“. Дали може да се излезе од таа дилема?   
  • Точно е дека таму кај што има масовно производство, цената е пониска. Но, има прозиводи што не можат да се донесат од Кина, тоа е на пример, пресното мелко, кое е дел од синџирот на говедарството. Затоа, нагласувам дека државата траба да ги зголеми субвенциите и да ја контролира нивната рационална примена, за да се победи конкуренцијата на таквиот узвоз со дампинг цена. Потоа, сето тоа ќе се исплати.  Што се однесува на пчницата, не во сите случаи увозната е поевтина од домашната. Имам податок дека мелничарите увозната пеница ја плаќаат еден денар поскапо од домашната пченица. Тоа го прават во очи на жетвата, ги полант амбарите, па потоа се уценуваат нашите прозиводители, кои обично, поради недостиг на заработка, немаат можност да инвестираат во капацитети за складирање, па се принудени веднаш, од нивата, да им ја даваат на откупувачите. Тие пак тактизираат, се ценкаат, преговараат долго време, додека на земјоделците не им догори до ноктите и на крај мелничарите успеваат да им ја откупат дури и поевтино од српската пченица. Тоа им се случува на производителите во битолскиот крај, Пелагонија. Така мелничарите имаат огромна заработка. Тие, дури ги купуваат другите сродни капацитети, кои не се во производство, смо за да не постојат. Така, монополот се ѕида се повеќе и повеќе. Малите риби се веќе изедени. Секаде е инсталирана тешка мафија која директно соработува со политичарите. Дури тие ги пишуваат правилниците како што им одговара ним, а за возврат плаќаат рекет. Така се испумпуваат парите до буџетот преку намалување на цената на трудот на земјоделецот од страна на откупувачот, за да дојдат парите во рацете на политичарот. Тој круг е тој што го уништува земјоделството во Македонија. Таму кај што нема земјоделецот можност сам да си го продаде производот, кај што мора да чека милост од откупувачот - е ставена јамка. Така е и со јаболката од Преспа, пиперките од Струмица, се што мора да помине преку откуп, е ризично. Има сточари што сами си го продаваат млекото од врата до врата и тие подобро поминуваат, но тие имаат помало прозиводсто. 
  • Што треба да се направи?
  • Треба да се пресече тој мафијашки круг. најголемата причина за намалувањето на земјоделското производсто во Македонија. Губењето на работните места, намалувањето на БДП, неквалитетната храна мора да запре. Додека не се воведе пазарна економија, монополот ќе го уништува земјоделството.