Зголемена реалност (augment reality) е термин кој се повеќе е присутен во ИТ индустријата. Означува подобрена верзија на реалниот физички свет што се постигнува преку употреба на дигитални визуелни елементи, звук или други сензорни стимули и се испорачува преку технологија. Тоа е растечки тренд меѓу компаниите вклучени во мобилни компјутери и особено деловни апликации.

Зголемената реалност не е концепт кој се појавува сега. Оваа технологија е развој од поодамна. Според Катерина Димитриоска, UX дизајнер за зголемена реалност во компанијата „Netcetera“ технологијата секогаш тежнее да се движи по иста траекторија. Започнува од имитирани технолошки способности со скапи уреди и пред се’ експериментирање, а потоа се движи кон паметни уредни со подобрени технолишки способности и многу поефтини. За таков пример, го наведува развојот на паметните телефони, а тоа исто во иднина ќе се случува и со зголемената технологија.  

Според Димитриоска, која го сподели своето искуство во објаста на дизајнот, во моментов, сите сме сведоци колку видови на реалности и технологии имаме присутни на социјалните мрежи и за се поголемиот притисок за нивно користење.

„Доколку стигнеме до иднината на зголемената реалност во која дигиталниот и реалниот свет се спојат заедно, веројатно и ќе бидеме бомбардирани со таков тип на реклами. И сега тоа се случува, но во помал формат, на социјалните медиуми во делот на рекламите. Од критички аспект, ова малку го нарушува вашиот реален свет. Со технологијата, барем засега, се уште имаме можност да се исклучиме. Но, зголемената реалност ако навлезе на вакво ниво во нашиот реален свет и околината, тогаш може да делува и страшно. Таков лош пример беше играта „Покемон“. Тоа беше експанзија сите со телефони да шетаат и да фаќаат покемони. Тоа е доста добар пример колку опасна може да биде оваа технологија. Луѓето беа доведувани во ситуација нивниот живот да биде загрозен. Ова не е за да ве исплашам туку напротив, значи поттик, за да можете малку повеќе да навлегуваме во оваа технологија, да разбереме што значи, да дизајнираме вакви ускуства за да спречиме да се сличи нешто вакво, да не дојдеме до дистописка иднина каде сме бомбардирани со ваква технологија и е тотално бескорисна. Туку, ние како дизајнери преку оваа технологија да ги надополниме нашите способности и да ни помогне наместо да не уназади. Да креираме подобри кориснички искустава кои ќе ги надоградат нашите способности, а кои нема да бидат небзбедни и страшни“, објаснува Димитриоска.  

Нејзиниот професионален бекграунд започнува во модниот дизајн, потоа графичкиот и индустрискиот дизајн, за сега да работи во полето на UX дизајнот. За себе вели дека е задоволна што во Македонија има можност да работи на вакви технологии, а во кратки црти го презентираше и продуктот на кој што работи – „Inspekt AP“ кој се користи за инспекција и одржување во индустриите за производство и логистика.

„Има доста добар пристап за да се сменат тие начини на инспекција во оваа индустрија и процеси. За жал, овие индустрии се уште не се добро дигитализирани. Ова е многу добро решение за да преминат кон дигиални решенија и процеси. Овој продукт моментално е достапен на пет платформи, има веб апликациска платформа и мобилни платформи кои исто така имаат зголемена технологија. Со хололенсот, на пример, од надвор не гледате ништо, но, всушност тоа се холограми кои се прикажуваат. Ова е сосема ново поле на работа. Сега немаме екрани и 2Д дизајн, сега имаме холограми кои треба да се постават во простор. Она што некогаш сте го гледале на научно фантастични филмови, сега е достапно. Хололенсот е се уште скап за секојдневната јавност и се уште нема многу голема примена“, вели Димитриоска.

Како што вели таа, и луѓето веќе имаат можност да ја искусат зголемената реалност, преку користење на филтрите на социјалните мрежи, како Инстаграм и Фејсбук, кои од технолошки аспект, претставуваат дигитални подобрувања на вашите подобрувања на лицето. Односно, да се видите како ќе изгледате на стари години или да ги исплашите вашите најблиски.