Зголемување на платите среде сиромаштија!? По тешката здравствена и економска депресија (поголема и од онаа од 1929-33 и од онаа во 2008-та година), сите се ангажирани во наоѓање чаре како да се достигне нивото на БДП од пред почетокот на пандемијата која на планетава се задржа речиси година и пол и уште не е сосема победена.
Зголемување на платите среде сиромаштија!?
Македонските власти објавуваат дека платите растат. Aналтиичарите се прашуваат, како можат да растат и кому тоа растат кога во последнава година и пол деловните врски и нарачките од партенрите беа откажани, илјадници работници беа отпуштени, многу економски субјекти пропаднаа со мала надеж дека пак ќе оживеат, значи има и пропаднати фирми, изгубени инвестиции – изгубени илузии. Државата, мора да се признае, помагаше колку што и е силата, задолжувајќи се, иако некои што не разбираат ја критикуваа за тоа. Значи, мораше!
Статистички просечната нето-плата годинава поголема
Податоците, објавени од највисоко ниво, велат дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април 2021 година изнесувала 28.438 денари, а бруто платата била 42.441 денари.
( Еве ги последните податоци на Заводот за статистика од кои може да се види динамиката на покачувањето.
Првиот податок е за цела 2020 година, вториот е за јануари 2021 и третиот е за февруари оваа година.
Просечната исплатена нето-плата по вработен во РСМ, исплатена во 2020 година, Соопштение на ДСЗ број 4.1.23.17 од 23.02.2021, изнесува 27.182,00 ден.
Исплатената просечната месечна нето-плата по вработен во јануари 2021 година изнесувала 28.272 денари, што е за 2,7 отсто повисока од истиот месец лани, или зголемување од 732 денари за една година.
Просечната исплатена нето плата за февруари 2021 - Соопштение на ДЗС број 4.1.21.37 од 21.04.2021, изнесува 27.948,00 ден.)
Според Државниот завод за статистика, просечната нето-плата годинава е поголема во однос на април лани за 10,1 отсто, додека бруто платата за 10 проценти, ифнормира Заводот.
Според која методологија платите растат?
Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерацијата на Макекдонија, за Анторис, пак, вели дека не му е јасно според која методологија, по ваков лош економски период, платите растат. Тој вели:
Зголемување на платите среде сиромаштија!? -Не ми е јасно.
„Дури циркулираат податоци дека невработеноста се намалува. Мене тоа не ми е јасно. Податокот е од пред неколку дена, но не знам според која методологија е пресметано тоа намалување на невработеноста. Бидејќи не можеме да навлегуваме во методолошкиот пристап, особено што во овој момнент сите мерки за вработување, поттикнати од Агецијата за вработување и од УНДП се искористени и исцрпени.
Ќе повторам, не знам на што се должи тој тренд на вработување. БДП и економскиот раст ни е намален и никако не ми е јасно, или пак јас не разбирам...Ние ги следиме тие движења и не ми е јасно, по 20 години занимавање со оваа активност, баш сме затечени. Не знаеме што да коментираме, дали е точно или не! Бројките со кои располагаме ние, кажуваат нешто друго“.
Овде мора да се постави прашањето од која база се влечат овие податоци?
Секоја власт го прави истиот штос, просекот го вади од вработените. При тоа затскривајќи го бројот на тие што воопшто не земаат плата и кои не влегуваат во вадењето на просекот на просечната плата. Така, евентуалното зголемување на просечната плата, не значи и намалување на општата сиромаштија.
Бројот на социјално загрозени семејства се поголем
Во ваква и во слични ситуации (војна, елементарни непогоди и сл. ) сиромаштијата се зголемува. Статистиката е немилосрдна, ако е објективан и ако не е наштелувана. Така, според податоците, за една година бројот на корисници на социјална помош во Македонија се зголеми за 10.000 нови семејства. Во споредба со 2019 година, кога социјална помош користеле 22.500 семејства, во 2020 бројот на домаќинствата корисници на социјална помош се искачил на 32.345, што е за 44 отсто повеќе. Внимавајте, податоците велат СЕМЕЈСТВА.
Според Министерството за труд и социјална политика, сумата за еден член корисник на помош изнесува 4,000 денари, а за секој нареден се зголемува. Најчесто корисници се семејствата со двајца возразни и две деца, кои можат да добијат помош од 10.600 денари од државата.

Уште еднаш ќе ја повикаме статистиката, која вели (попдаток од почетокот на ноевмви 2020) дека:
Речиси една четвртина од жителите на Македонија тонат во сиромаштија. 455.600 лица живеат во тешки услови, што е 21,9% отсто од вкупното население. Исто како и во 2018 година, додека во 2017 година тој процент беше 22,2 проценти. Анализата е направена во согласност со препораките на Европската Унија, по што се пресметани таканаречените Лаекенски индикатори.“
За неполна година овие податоци не е можно драстично да се подобрат.
Прогнози на Светска банка
Светска банка во мај ланската година објави дека над 55.000 луѓе во Македонија ќе западнат во сиромаштија. Според нејзините прогнози, ќе се зголеми и бројот на сиромашни вработени за два до три пати. Сиромаштијата ќе се врати на нивото од пред 2017 година, па дури и од пред 2015 година.
Од Западниот Балкан, во најлоша состојба се Македонија и Албанија. Најголемото годишно зголемување на бројот на невработени лани е забележано во Албанија, и тоа за 25 проценти, а во Македонија, за 11 проценти.
Секое трето дете живее во сиромаштија
Во истражувањето што го спроведе УНИЦЕФ и „Фајнанс Тинк“ околу социјалните и економските ефекти на Ковид-19 врз децата во Македонија, а кое беше објавено во јуни лани, секое трето дете во Македонија ќе живее во сиромаштија. Додека, нови 16 илјади деца ќе паднат под прагот на сиромаштијата, бидејќи нивните родители ги загубиле множностите за приход. Зголемен е и бројот на деца жртви на семејно насилство. Тоа се должи на затворањето на училиштата и воведувањето на полициските часови. А, кога е во прашање квалитетот на образованието што го добиваат преку онлајн учењето не е доволен, особено во стручните училишта.
Бране Стефановски