Одржливоста сама по себе е многу повеќе од економските и финансиските параметри. Одржливиот модел на управување за една компанија е преку мерење на импактот кој го има кон општеството, животната средина и како влијае врз општеството и бизнисот со своето корпоративно делување.  

Методија Димоски работи веќе 18 години во „ПроКредит банка“, а од 2012 година е  одговорен во делот на управување на животна средина. Секторот со кој раководи, вели дека од една страна, помага за менаџирање на ризиците, а од друга страна, помага и кон давање на одредена дополнителна вредност на компанијата. Бидејќи сите инвеститори повеќе ценат банка која има подвлечено одредени долгорочни цели, отколку „бизнис на 100 метри“. 

„Концептот на одржливо работење е маратон на долги години, без притоа да ги компромитираме условите на идните генерации. Ако ги компримитираме тоа не е одржлив модел на работење. Кога станува збор за животната средина, се следи начинот на кој една институција има импакт кон околината и не само декларативно, туку да се види и преку мерливи податоци дали компанијата е помалку или повеќе енергетски зависна, колку троши ресурски во своето работење и колку го загадува биодиверзитетот“, вели Димоски.  

Во „ПроКредит банка“ има оддел за управување со животна средина и неговата цел е токму да ги менаџира и управува тие негативни влијанија кој произлегуваат од интерните активности на банката, користење на хартија, светло, струја, енергија, возен парк, колку креира отпад и друго. Тимот е формиран пред 10 години и веќе има значителни резултати од работата. 

Првите електрични автомобили банката ги воведе во нејзиниот возен парк во 2014 година сакајќи да влијае на намалено аерозагадување. Во 2018-та, половина од возниот парк веќе има електрични автомобили, а во 2022 година, се искачува и до високи 70 насто. Банката има инсталирани и 25 електрични полначи низ државата. Во 2016 година се пресели во зграда која е исклучително енергетски ефикасна и има сертификат за одржливост на самиот објект.  

„ПроКредит“ веќе 4 години е активна и во финансирање на фотоволтаични централи.  Преку кампањи ги едуцираат клиентите што значи бефефитот од производството на електрична енергија. Банката има финансирано 130 вакви проекти со моќност од 40 мегавати на домашниот пазар. Статистички, пак,  зеленото портфолио на зелени кредити изнесува околу 19 насто, заклучно со октомври 2022 година. 

Мерките на „ПроКредит“ за зачувување на животната средина

„Банката помина силен процес на дигитализација. Ако порано бевме застапени во секое градче со филијала, сега веќе не е така. Нашите клиенти ги едуцираме да не одат во банка и да чекаат ред, туку работата да ја завршат на дигитален начин каде преку електронско банкарство се заменува традиционалниот начин за посета на банка“, вели Димоски.

Хартија 

Во 2015-та, „ПроКредит“ има потрошено 25 килограми хартија по вработен. Со мерките за дигитализација, електронски потпис, комуникација.. тоа сега е сведено на 9,7 килограми по вработен. 

Потрошувачка на енергија во последните 6 ходини 

Електричната потрошувачка на метар квадратен е преполовена. Ако во 2015-та година изнесувала 200 киловат час на метар квадратен, во 2022 година е под 120 киловат час, како резултат на сет на разноразни мерки. осветлување, системи на вентилација, греење и ладење...  

Клиенти и еколошкото влијание за финансирање 

„19 насто од нашето портфолио е зелени инвестиции. Најзначајно учество имаат инвестициите во енергетска ефикасност, обновливи избори на енергија и еколошки подобни инвестиции кои влијаат на помало загадување. Правиме сеопфатна проценка на еден клиент дали да го финансираме или не. Не се фокусираме само на економските параметри, ја гледаме целокупната слика. Каква е структурата на управување, какви се вредностите, какво е влијанието кон животната средина. Не финансираме проекти кои имаат негативно општествено влијание, на пример проекти во Маврово кое е заштитено подрачје, потоа казина, обложивалници и друго. Тие не се нелегални, но ние како банка сметаме дека не треба да ги финансираме. Се следи финансискиот аспект на компаните, обезбедување, проектот и се носи финална одлука. Социоеколошкиот импакт е битен елемент во носењето во одлуката“, вели Димоски.  

Нивната цел како банка е да ги стимулираат клиентите во правење на инвестиции кои се социоеколошки. Тоа е категорија на зелено финансирање. Ги стимулираме да сфатат дека инвестицијата во еколошки мерки можат и да дадат економски бенефит на компанијата. Освен тоа што банката проценува дали една компанија е финансиски стабилна треба да ги процени и социоеколошките ризици дали ќе придонесат кон дополнителни негативни ефекти кон природата или ќе се намалат. 

„Целокупниот процес на скрининг на сите сегменти се составен дел од нашата заложба. Има доста компании кои прават разни активнотти кои се атрактивни за пазарот, како собирање отпад, зелени активности, но, треба да се разликува што е активност, а што е системски пристап кон управување со животната средина. Системски пристап значи сет на процедури, правила, политики. Тој систем постои на пишана документација, јасна структура. системот е документиран, се планира и се очекуваат и следат резултати. Секоја една активност се рангира и се следи дали се прави одредени отстапувања. Ние сме транспарентни во однос сопствените резултати кои ги постигнавме. Затоа и сопствениот систем за животна средина „ПроКредит“ банка веќе го сертифицираше“, објаснува Димоски.