Меѓународниот саем за часовници и накит на Блискиот Исток беше домаќин на повеќе од 500 домашни и меѓународни брендови од целиот свет. Најголемиот град во Обединетите Арапски Емирати,  Дубаи е познат по предметите обложени со злато, позлатените суперавтомобили, позлатените згради. Годинава на листата е додаден и златен велосипед.

Компанијата „Al Romaizan Gold and Jewellery“ со седиште во Саудиска Арабија, на 52. саем за часовници и накит, претстави златен велосипед вреден 408.000 долари.

Во Дубаи, град познат по сјајот и луксузот, златниот велосипед привлече големо внимание. Декориран е со вистински листови од 24 каратно злато.

„Тоа е неспоредлива можност за сите таленти да ги покажат своите најнови креации и иновации пред повеќе од десет илјади посетители секоја година на овој настан. Повеќето од нив бараат најексклузивни златни дизајни, накит, луксузни часовници и современи модни линии од целиот свет“, изјави Саиф Мохамед Ал Мидфа“, извршен директор на Експо центарот.

Како што истакна Мохамед Абаси, директорот на дигиталната компанија „Ал Ромаизан“, проектот за изработка на златниот велосипед траел околу шест месеци, а во тимот учествувале 20 луѓе.

Златниот велосипед не е изложба и веќе е достапен на пазарот во Дубаи.