Златото, франкот и недвижностите никогаш наеднаш не губат вредност - Пред две години, бевме погодени од пандемија на коронавирус што предизвика криза во синџирот на снабдување, а сега по стивнувањето на епидемиолошката состојба избувна конфликтот меѓу Русија и Украина, којшто уште како предизвика превирања во земјоделскиот и енергетскиот сектор во рамки на светската економија.

Како се зголемува економската несигурност, така меѓу луѓето, се повеќе се наметнува прашањето: дали и како да се заштедат или зачуваат заштедените пари (собраниот капитал), во новонастанатата ситуација. Иако буквално е невозможно да се тврди дека каков било вид заштеда, во апсолутна смисла, е безбеден од секој ризик, ако ги погледнеме историските податоци и искуство, сепак постојат начини заштедите да се „ спасат“.
Искусните и учените инвеститори одредени глобални производи ги нарекуваат „безбедни засолништа“. Тоа се производи кои ја докажале својата стабилност и способност да ја зачуваат вредноста во неколку случаи, т.е. низ неколку економски кризи, а многумина кои решиле да инвестираат во нив, најчесто крајот на кризите го дочекувале нешто побогато од порано.
Како што вели за „Блиц Бизнис“ редовниот професор на белградската банкарска академија, проф. д-р. Зоран Грубишиќ, - досега, по правило, инвеститорите, и малите и големите, наоѓаа сигурни засолништа за своите пари и капитал во злато, недвижнини и стабилни валути на силните економии.
Така е и сега, најголем дел од нив се инвестирани во злато, недвижен имот и стабилни валути како што е швајцарскиот франк,“ истакнува Грубишиќ.
Злато
Златото не ни доаѓа баш прво така на памет. Тоа сега традиционално представува сигурно засолниште за капиталот на големите инвеститори, а со текот на времето и малите инвеститори почнаа да инвестираат во злато.
Во него се инвестира на неколку начини: од инвестициско злато во форма на лостови со различни големина и тежина, златни дукати, па до инвестирање на светските берзи, и ако ги погледнеме историските податоци, ќе видиме зошто.
На пример, да видиме како златото се однесуваше во периодот на финансиската криза од 2007-2008 година и по неа. Како и секогаш досега, вредноста на златото првично падна, откако Леман Бредрс прогласи банкрот, за да продолжи да расте по завршувањето на рецесијата во 2009 година, а престана дури во 2011 година (кога достигна цена од околу 59 долари за грам ), а под вредноста од овие нивоа за прв пат е забележан дури на почетокот на 2013 година.
Историскиот максимум во поглед на цената, златото достигна во август 2020 година, кога една унца вредеше нешто под 2.075 долари, додека сега една унца вреди помалку од 1.947 долари. Во контекс на ова може да се погледне само движењето на цените во последниот месец, од кога се засили новиот бран на геополитички превирања (податоци преземени од сајтот: goldprice.org).
Но, она што мал број луѓе го прават, а според експертите има ист, па дури и подобар ефект од директното купување злато, е инвестирање во истото на берза.
- Она што често се препорачува во даден контекст е инвестирање во злато на берзата, како и во хартии од вредност кои произлегуваат од самото злато. Исто така, многу инвеститори кои директно инвестираа во акции на некои компании, сега тоа го прават во индекси кои произлегуваат од акциите на големите светски компании, вели брокерот Бранислав Јоргиќ. (пренесе „Блиц Бизнис“)
Недвижности
Како што постојано објаснуваат експертите, цените на пазарот на недвижности ќе продолжат да растат во текот на оваа година, но падот на цените е неизвесен и пред тоа цената ќе се стабилизира на ниво каде побарувачката повеќе нема да се зголемува до овој степен.
- Сите статистички параметри покажуваат дека ќе има благ пораст на цените. Во секој случај, зголемувањето на цените зависи од понудата и побарувачката, од локацијата на имотот, како и од количината на пари на пазарот. Земјиштето е многу скапо, набавката на материјали е иста, а расте и работната сила. Луѓето масовно пласираа пари во недвижен имот како сигурна заштеда, смета проценителот на недвижности и експерт Милиќ Ѓоковиќ, пренесува Блиц Бизнис.
Сепак, инвестирањето во недвижен имот има еден недостаток.
- Недвижностите се уште се прескапи за малопродажни инвестиции, така што голем број мали инвеститори не можат да се потпрат на нив за да ги заштедат своите средства, истакнува Јоргиќ.
Валути
Иако искуството од последната деценија на дваесеттиот век нè научи за оваа економска интервенција со цел да ја зачуваме вредноста, размената на сопствена валута за други, постабилни валути е практика низ целиот свет. Но иако меѓу нас и нашите сонародници се популарни долари и евра, експертите се фокусираат на друга валута.
- Луѓето често инвестираат во валути за да ја зачуваат вредноста, во повеќето случаи најстабилните, како што е швајцарскиот франк, вели Грубишиќ.
Енергенси
Според Грубишиќ, со текот на времето се утврдени одредени „глобални производи“ во кои претходно се инвестирало со цел да се заштедат пари и по можност да се „оплодат“, но сега веќе не се.
- Изворите на енергија некогаш беа сфатени како т.н безбедно засолниште, но ако ја погледнеме цената на нафтата во последните две години, таа отиде на минус 37 долари за барел пред две години, па буквално се даваа пари само за да ја земат, но имаше моменти кога таа преминуваше и над 150 долари за барел. Неодамна повторно проби 130 долари за барел. Тоа е во ред за кратки позиции, за краткорочни шпекулации, но тоа веќе нема врска со сигурни долгорочни инвестиции, заклучува Грубишиќ.
Крипто?
Учесниците на пазарот на недвижности велат дека сигурна инвестиција како таква не постои.
- Имајќи го тоа на ум, криптовалутите се уште се добар избор за инвестирање. Парите што не се инвестираат трпат висок ризик од негативни каматни стапки пропишани од централните банки или инфлација (предизвикана од надворешни шокови на страната на понудата) што го зафати светскиот пазар. Додека другите инвестициски опции како што се недвижностите се недостижни за мали инвеститори, вели Игор Мирковиќ, аналитичар на пазарот на дигитални стоки.
Тој нагласува дека на една работа треба да се внимава:
- Технологијата зад криптовалутите моментално е во голем развој, а самите криптовалути добиваат се повеќе институционално прифаќање и прифаќање од малите инвеститори.
Тој заклучува дека независен, децентрализиран „чувар на вредности“, како што е биткоинот, треба да биде дел од секое инвестициско портфолио и дека според загриженоста за ризикот, секој може да одлучи колку да го диверзифицира капиталот кон оваа опција.( Блиц Бизнис)