Меките вештини (Soft skills), наречени и лични вештини и емоционална интелигенција, се дефинирани како способност да се комуницира со другите на пријателски начин.

Подобрувањето на вашата способност да решавате конфликти, проблеми и да обезбедите одлична услуга за клиентите може да доведе до подобри односи со колегите, добавувачите и другите со кои комуницирате на работа.

Не е невообичаено дури и денес да се потцени нивната важност или да се прецени сопствената стручност.

Што се меки вештини

Меките вештини се дефинирани како способност за пријателска интеракција со другите. Тие претставуваат лични квалитети кои можат да влијаат на односите, комуникацијата и интеракцијата со другите, и затоа можат да бидат исклучително важни за деловниот успех.

Но, зошто се толку важни? Иако меките вештини понекогаш е потешко да се развијат од тешките вештини - оние чии резултати се мерливи како веб дизајн, сметководство или искуство во уредување - тие се исто толку важни за водење на успешен бизнис. Разбирањето што всушност значат меките вештини ќе ви помогне да ги идентификувате оние што ги имате и оние што треба да ги развиете во иднина.

Топ девет меки вештини

• Способност за преговарање

• Поддршка на клиентите

• Вмрежување

• Презентации

• Разрешување на конфликти

• Ефективна комуникација

• Тимска работа

• Решавање на проблем

• Работa под притисок

Меките вештини се суштински дел од нечија способност да работи со други и може да има значително влијание врз напредувањето во кариерата. Ако сте сопственик на мал бизнис или претприемач, меките вештини можат да ви помогнат да најдете, привлечете и задржите клиенти.

Високо развиените презентациски вештини, вештините за вмрежување и свесноста за бонтон може да ви помогнат да придобиете нови клиенти, како и повеќе бизнис од постојните клиенти. Подобрувањето на начинот на решавање на конфликтите и проблемите и обезбедувањето одлична услуга за клиентите може да доведе до подобри односи со колегите, добавувачите и другите контакти. Конечно, силните меки вештини можат да ви помогнат да стекнете самодоверба - непроценлива особина во деловниот свет. 

Од друга страна, недостатокот на меки вештини може да го ограничи вашиот потенцијал или дури да биде причина за неуспехот на вашиот бизнис. Со развивање на силни лидерски вештини, тимска работа и комуникациски вештини, можете полесно да водите проекти, да постигнете резултати кои ги задоволуваат сите, па дури и позитивно да влијаат на вашиот личен живот преку подобра комуникација со другите.

Знаци кои сигнализираат дека ви треба подобрување на меките вештини

Поседувањето меки вештини не е баш „се или ништо“. Многу луѓе се соодветни, па дури и исклучителни во некои вештини, а се борат со други. На пример, може да имате одлични вештини за комуникација и тимска работа, но се борите со управувањето со времето или „пукате“ под притисок. Затоа, не е невообичаено да се потцени нивната важност или да се прецени сопствената стручност. Еве неколку чести причини поради кои треба да ги подобрите вашите меки вештини.

• Имате ниска стапка на задржување клиенти во споредба со другите во вашата област

• Често доцните на состаноци или се борите да ги испочитувате роковите

• Не успевате да развиете професионална мрежа или ги избегнувате можностите за вмрежување

• Успевате да договорите состаноци со потенцијални клиенти, но ретко преминувате во следната фаза или склучувате договори.

Четири начини за подобро развивање на меките вештини

Одличен прв чекор во личниот развој е препознавање и признавање на областите во кои треба да се подобрите. Тоа може да се случи преку лична рефлексија и интроспекција, проценка на недостатоците преку показателите на вашиот бизнис, преку повратни информации од колеги или пријатели од доверба. Можеби ќе ви биде корисно да се самоевалуирате со водење дневни дневник за вашите професионални интеракции и нивните резултати.

Откако ќе станете свесни за вашите силни и слаби страни, направете план за корекција на вашите слабости - во согласност со вашиот деловен план. Бидејќи меките вештини опфаќаат релативно голема категорија, постојат неколку начини за нивно развивање или подобрување.

• Размислете за работа со ментор кој може да даде повратни информации и да обликува соодветни вештини

• Ако вашиот фокус е на подобрување на комуникацијата, курсевите за реторика или вклучувањето во групи како Toastmasters може да бидат корисни.

• Најдете тренер кој може да ви помогне брзо да ги развиете вештините кои се приоритет за вас

• Иако сето ова може да изгледа исклучително лесно, не го потценувајте влијанието на позитивниот став и оптимизмот. Довербата и ентузијазмот се од суштинско значење за повеќето од овие вештини, а сето тоа може да биде нарушено од анксиозност, несигурност и негативен став. Промената на начинот на кој размислувате, за да можете да го видите позитивното во многу ситуации, може да има значително влијание врз начинот на кој комуницирате со другите.

Конечно, меките вештини може да влијаат и на вашата способност да изнесите  одлична презентација и со вистинските зборови да го пренесете својот став.