Годината во која штотуку зачекоривме е неповторлива година на математички чуда во следните 90 години. 

Зошто баш 2025 година е математичко чудо?

Пред сè, затоа што бројот 2025 е совршен квадрат на бројот 45 (45*45 = 2025), како и (20+25) 2;

А до бројот 2025 можеме да дојдеме вака: 2025 = (1+2+3+4+5+6+7+8+9) 2;

Кога ќе помножиме 9 2 со 5 2, повторно добиваме 2025 (9 2 *5 2 = 2025);

Збир е на три квадрати: 40 2 + 20 2 + 5 2 = 2025;

 

Ова е првиот совршен квадратен број од 1936 година до сега.

2025 година е збир  на сите броеви од 1 до 9 на куб:  13+23+33+43+53+63+73+83+93  = 2025;

И 16 септември оваа година ќе биде интересен датум бидејќи 9 = 3 2 ; 16 = 42 и 25 = 5 2;

Ова е и единствената година со ваква математичка карактеристика што ќе ја доживее оваа генерација. Следната математичка година ќе биде дури за 92 години - 2116 година.

Затоа, 2025 година нека биде година за паметење.

Извор: rts.rs