3Д куќи решение за кризата со недвижнини. Во Калифорнија никнува нова населба со 3Д куќи. Во градот Ранчо Мираж, наскоро треба да започне изградбата на нова населба, во која сите куќи ќе бидат целосно изградени во 3Д технологија.

3Д куќи решение за кризата со недвижнини

 

Иако големите 3Д принтери се повеќе се користат во градежништвото, досега не било случај да се гради цела населба (15 куќи) со употреба на таква технологија.

3Д визија за иднина на градежништвото


Ова е ажурирање на нашата визија за иднината на градежништвото, вели Алексиј Дубов, коосновач на градежната технолошка компанија „Mighty Buildings“, која учествува во овој необичен проект, пренесува zimo.dnevnik.hr.

OAKLAND, прави 3D печатени домови од пластичен полимер и минерали

 

Предностите на овој метод на градба, односно подигање на 3Д куќи, се во тоа што може да се автоматизираат 80 проценти од градежните работи. На тој начин се намалува бројот на работни часови за дури 95 проценти. И уште еден битен сегмент, има десет пати помалку отпад во споредба со традиционалната градба.

Деловите за куќите ќе се подготвуваат во нивниот голем магацин во Оукленд со користење на масивни 3Д-принтери со големина на помала гаража. Како база за 3Д печатени домови се користи материјал што брзо се стегнува (комбинација на пластичен полимер и минерали …) за да можат надворешните sидови, изолацијата и покривот да се направат во еден процес. Овие куќи имаат поголема автоматизација, поголема термичка ефикасност и побрзо време на градење.

Капацитетите на компанијата се такви што една куќа поголема од 30 квадратни метри, “Д принтерите можат да ја испечатат за само 24 часа.

Деловите за 3Д куќите, печатачите можат да ги работат и преку ноќ, додека сите работници спијат.

Од „Mighty Buildingsa“ велат дека се поограничени со транспорт на нивните печатени градби, отколку со можностите на печатачот.

3Д куќи решение за кризата со недвижнини

Калифорнија кубури со недвижнини


Куќите што ќе бидат изградени и поставени во Ранчо Мираж ќе имаат два дела. Едниот ќе се состои од три соби и две бањи, додека другиот дел ќе има уште две соби и бања. Покрај тоа секоја парцела во таа населба ќе има базен во дворот. Додека со дополнителен надомест има и можност за поставување тушеви на отворено, кади со џакузи, камини и сл.

Цената на овие куќи ќе биде околу 595 илјади долари за основната конфигурација со три соби и две бањи. Додека оние кои сакаат дополнителни две соби и бања ќе треба да платат 950 илјади долари.

Според Гардијан, 3Д-печатените куќи може да бидат решение за кризата со недвижнини во Калифорнија. Предвидувањата на стручњаците се дека ќе има нагло зголемување на населението во таа област. Според нив до 2025 година ќе бидат потребни меѓу 1,8 и 3,5 милиони нови станбени единици.

https://www.youtube.com/watch?v=y4vO2f5fQAg