Модната текстилна конфекција „Вера монд“ од Штип постои на пазарот веќе 25 години. Компанијата е лон производител, како и мноштвото други текстилни компании во државата. Станува збор за текстилни производители кои вработуваат ниско платена работна сила, кои имаат ниска додадена вредност, ниска валоризација која пак носи и ниска просечна плата. Тоа било и причината за Јасмина Лазовска, сегашната менаџерка на „Вера монд“ да го напушти бизнисот наследен од нејзините родители. Бидејќи како што вели, не гледала просперитет во дејноста. Меѓутоа, во 2020 година, дознала за 3Д дизајнот и начинот на кој тој влијае врз модната индустрија, кој ја вратил назад во раководењето на компанијата.

„Преку платформата „Бизнис за сите“ од УНДП, добив ментроска поддршка која имаше суштинско знаење за реализација на таа дигитална трансформација. Со мојот ментор многу брзо и ефикасно изработивме стратегија за дигитална трансформација, со конкретни цели и чекори. Тоа го работевме многу интензивно. На 3 јануари 2021 веќе го имавме првиот состанок со компанијата од каде го купивме софтверот и ден денеска стои позади нас во секој чекор од дигиталната трансформација. „TG3D“ e компанијата од која ние го купивме софтверот. Тие имаат скенер на телото, практично телото застанува во скенерот. Се скенира од најразлични агли, со што телото влегува во компјутер. После останува дизајнерот да креира соодветна облека за телото кое го имате веќе внатре “, објаснува Лазовска.

Според Лазовска, компанијата за да опстои работи потребно е да привлече млад кадар. Моментално, вели, во текстилната индустрија во Македонија вработуваат луѓе кои се со просечна возраст од 50 години. Но, за да се вработи млад кадар потребно е да се понуди и нова технологија. А тоа значи технологија соодветна на новото време на живеење. Па така, отвориле нов сектор во компанијата кој го нарекле „ВМ3Д“. Во текот на 2021, „Вера монд“ инвестира во воведување на 3Д технологии и дигитална трансформација кои директно се поврзани со едукација на кадар. Причината зошто се посегнува по тој потег е бидејќи во образовен систем 3Д дизајнот како таков не се изучува. „Вера монд“ ангажирала странската компанија која вршела стручна квалификација и преквалификација на кадарот кој го ангажирала.

„Ангажиравме млади лица кои се 20 години ги привлековме во индустријата. Еве, во 2022 година тие се спремни да излезат на пазарот. Секторот кој ние го развивавме, тоа е практично мојата визија нуди многу широки можности како за компаниите. Понатаму, за фриленсерите, за индивидуалните дизајнери, кои не само што го скратуваат процесот на развој на производот, туку и заштедуваат во трошоци за развој на производот. Многу битен момент за мене е комуникацијата. Комуникацијата со клиентите се сведува на секунди. А пазарот од локален станува глобален. Тоа е оној бум кој треба секоја текстилна компанија да го доживее и да се бори за него“, вели Лазовска.  

Во „Вера монд“ работат со странски компании. Mладите кои ќе работат во развој со 3Д модниот дизајн се искачуваат неколку скалила погоре. Тие работат како оутсорсинг сервис во странските компании за развој на производот. Со тоа, вредноста која ја додаваат на производот е многу голема на интелектуалниот труд. Лазовска најавува дека во иднина ќе ги доедуцираат младите и ќе продолжат да се борат на пазарот преку комуникација со клиентите.

„Сето ова што го работиме неопходно е да го повториме неколку пати. Нашето искуство е со цел да го споделиме и пренесеме на другите млади или возрасни кои сакаат да се квалификуваат или преквалификуваат. Како компанија вршиме верификување на програма за обука во Ценаторот за образование за возрасни. Одиме чекор понатмау, следната недела ќе ја пуштиме и пилот верзијата на веб страната која е онлајн продавница за моден дизајн. Практично, млади индивидуи кои сакаат мода, можат да купат лиценца  дасе обучуват. После завршената обука, имаат пазар каде можат да го продадат тоа“, вели Лазовска.

Од друга страна, таа предвидува продлабочување на кризата на лон производителите во текстилната индустрија.

„Компаниите кои работат како лон производители и сопствениците имаат голем проблем. Мислам дека кризата во текстилот допрва доаѓа. Бидејќи неквалификуваната работна сила не создава поголема вреност која е поголема. Трошоците многу растат а и странските компании се наоѓаат во тежок момент каде и тие не попуштаат на растот на цените за лон доработка, бидејќи и тие не добиваат повеќе од лон доработката“, оценува Лазовска.  

Обраќањето на Лазовска беше дел од тридневната конференција „Skills4futureweek“ во рамки на проектот „Премостување на јазот кај вештините за создавање нови и подобри работни места“.