По повод 5 години од постоењето на Creative Hub, односно од почетокот на првата група на Академијата за човечки ресурси, компанијата одлучи да направи анализа за тоа колку напреднале нивни 200 поранешни студенти. Пред воопшто да се запишат на Академијата, дури 84% одговориле дека немале претходно работно искуство во областа на човечки ресурси.

Од анализата на студентите кои имале претходно работно искуство пред да се запишат на Академијата ги добивме следните податоци, најголемиот број имаат од 3-5 години работно искуство, но има и студенти кои имаат и над 10 години работно искуство. Анализата покажува дека  оние кои немале работно искуство во областа на човечки ресурси пред да се запишат на Академијата се поделени во две групи, и тоа: невработени и во работен однос во друга професија.

Резултатите покажуваат дека најголем дел од луѓето што се запишале на Академијата за човечки ресурси по занимање се правници, економисти, наставници по англиски јазик, психолози и продажни агенти.

Најголем дел од нив, односно буквално половина од студентите, се запишале на Академијата за човечки ресурси по препорака од пријатели кои веќе ја посетиле Академијата, а другите се поради предавачкиот тим, ниската цена, програмата или добивање на Европски сертификат.

Но што се случува по завршувањето на Академијата? Високи 88% започнале да работат во областа на човечкире ресурси, додека другите не ја промениле својата работа. Оние кои не одлучиле да ја сменат професијата, нивните професионални профили се вработен во сопствен бизнис, маркетер, вработен во јавна администрација, правник, фармацевт, менаџер на продажба...

Од студентите кои по завршувањето на Академијата за човечки ресурси ја започнале својата кариера како практиканти, дури 22% од нив започнале во секторот за човечки ресурси во А1 Македонија. Според анализата топ 3 компании во кои се вработиле наши студенти на позиција регрутер по завршувањето на Академијата за човечки ресурси се Frontweise Group, Give2Get Inc и Teleperformance.

Според процентот и профилот на македонските компании, 23% се вработиле во државна компанија, додека 30,7% во акциоpерски друштва. Остатокот во мали и средни претпријатија. На прашањето колку од студентите по завршувањето на Академијата се вработиле во ИТ компании, скринингот покажал дека 34% од студентите по завршувањето на Академијата зачовечки ресурси ја продолжиле својата кариера во HR секторот во ИТ компанија, независно дали тоа е македонска компанија или странско претставништво.

Инаку, предавачкиот тим на Академијата за човечки ресурси на „Creative Hub“ го сочинуваат 8 професионалци кои заедно имаат повеќе од 100 години работно искуство во сферата, а работат на позиции за човечки ресурси во „А1 Македонија“, „Шпаркасе банка“, „НЛБ Банка“ и други.