Користењето на 5Г технологијата, како петта генерација на мобилни мрежи е еволутивен процес како продолжувње на постојаната 4Г технологија. На тој начин, ќе се овозможи дополнително аплицирање на техничките можности од досегашното користње на мобилните апарати. И тоа на многу поширока палета на технолошки уреди. Тие ќе овозможат на физичкиот, дигиталниот и биолошкиот свет да бидат во еден голем еко – систем. Ваков е ставот на директорот на секторот за пристапни мрежи во „Македонски Телеком“, Васко Најков, компанија која е водечки национален комуникациски оператор во изминатите две декади и ја предводи дигитализацијата на општеството.

Со 5Г мрежата ќе се направи интегриран пристап кој ќе биде основна подлога за воведување на најнапредна технологија во оптимизација на процесите. Особено во делот на автоматиација, роботика, вештачка интелигенција. Тоа, како што вели Васко Најков од „Македонски Телеком“ е главната разлика во однос на постоечката 4Г мрежа.

„Воведување на стандардот интернет на нештата во секоја една клетка како во бизнисот во домаќинствата. Мислам дека ќе биде генерална придобивка за целото општество. „Македонски телеком“ како лидер на технологијата има огромен фокус на ова. Сите овие работи стојат во нашите стратешки планови и огромен фокус ќе дадеме на самата технологија. Не само на импелемнтација, туку и на развивање на соодветните сервиси кои одат заедно со нејзе“, објаснува Најков.


На „Македонски Телеком“ како оператор ќе му овозможи многу поголем капацитет да опслужи поголем број корисници по единица простор. И тоа – во урбаните средини.
„Точно е дека 5Г технологијата, со сите овие брзини за разлика од 4Г, користи доста повисока фрекфенција. Но, самото тоа ни овозможува поголем опсег, тоа е физиката, дека со ова се постигнуваат сите оние брзини. Пропагацијата на сигналот на тие поголеми фрекфенции има помал домет и има ранг на една базна станица од 500 метри во некои поидеални услови. Во погусто населени, има ранг од 350 метри. Другата страна на повисоката фрекфенција е колку повисока е фрекфенцијата, помала е антената. 5Г антените што работат на толку гигахерци, се со димензии на помал звучник. Се поставува можноста да се стават на урбана опрема на улично осветлување. Факт е дека ќе има поголем број на антени. Но, целта е да се постигне континуирано покривање со непрекинат мобилен сигнал и брзини кои ќе овозможат придобивки“, вели Најков.

Развојот на интернет на нештата

Голем дел на консултантски компании го истражуваат овој феномен и даваат предвидување како ќе се движи оваа технологија понатаму.

„Моментално, во светот има околу 10 милијарди такви уреди што работат на концепт на интернет на нештата. Предвидувањата за 2021 год. беа дека ќе има осум милијарди. А, една година порано бројката е надмината. До 2025 год. ќе има преку 25 милијарди вакви уреди. Секоја клетка која ја користиме моментално во нашето опкружување ќе има таков уред, дали во нашиот фрижидер или шпорет. Секаде ќе го има“, објаснува Најков.

Предизвици на операторите за инсталација на уреди

Најков вели дека „Македонски Телеком“ има добра соработка во планирањето и развојот на 5Г мрежата во земјава. Го спомна и Националниот план во кој се поставени временските рокови за начинот на покривање. До 2023 год. се очекува еден поголем град да биде покриен со 5Г сигнал. А веќе до 2025 год. половина од полупацијата во државата. Како што напоменува, секоја нова генерација на услуги изискува и нова технолошка поддршка од уредите. А тоа значи дека ако телефон со 4Г мрежа сака да ги користи придобивките на 5Г технологијата, треба да биде заменет со нов.

„Самите компании кои произведуваат такви уреди веќе имаат широка палета на такви уреди. Во случај ако треба да го понудиме 5г сервисот, би го понудиле преку нашата мрежа на продавници за корисниците. Сите уреди кои ќе бидат ставени да функционираат на 5г мрежа, се’ уште не можеме да видиме каков ќе биде ефектот, односно дали ќе трошат повеќе батерија или не. Самото искуство ќе покаже. Првичните истражувања од сите воведувања на нови технологии, покажуваат дека ваквите уреди трошат помеѓу 10-15 насто повеќе батерија од претходната генерација. Причината е што 5г технологијата се уште не е широко распространета и телефонот цело време бара сигнал“, објаснува Најков.  

Тој наведува дека досегашната пракса на „Македонски Телеком“ покажува дека компаниајта е сервисно ориентирана кон корисниците.
„Не наплаќаме според технологија што се корсити, туку согласно сервисниот пакет што корисникот го бара. Очекувам дека така ќе ги развиваме продуктите и во иднина“, дециден е Најков.  

Проценките се дека воведувањето на оваа технологија до 2025 год ќе донесе отворање на 22 милиони нови работни места на глобално ниво.

Освртот на Најков за функционирањето и што може да се очекува од воспоставување на 5Г мрежата, беше дел од панел – дискусија посветена на разбивање на митовите со оваа технологија.