Академијата за бизнис аналитика им овозможи на учеснците да стекнат знаење и вештини во повеќе области, како што се анализа и визуелизација на податоци, анализа на внатрешни бизнис фактори и примената на вештачка интелигенција во бизнис секторот.
„Горди сме што се повеќе млади ја препознаа нашата намера и покажаа огромен интерес и мотив за учење. Со креирање на динамична средина за учење и обезбедување пристап до најновите алатки и методологии, продолжуваме со нашата цел, а тоа е овозможување на што повеќе млади луѓе да се стекнат со дигитални вештини во ова модерно време. Наскоро следува нов модул на уште една атрактивна и модерна теми и ги охрабруваме сите млади што сакаат да бидат дел од оваа успешна приказна да ги следат сите активности на A1 Academy.” - изјави Елена Димовска, раководителка на одделот за корпоративни комуникации во А1 Македонија.
Врвни експерти, професионалци во својата област понудија детално изучување на клучни сегменти како што се предвидување на бизнис трендови, оптимизација на процеси и стратешко одлучување. Целта на академијата беше да се објаснат најновите методи и практики кои се повеќе се употребуваат во сферата на бизнис аналитика и оперативниот менаџмент, а придонесуваат за оптимизација на бизнис процесите, намалување на трошоците и целокупно подобрување на ефикасноста и работењето на бизнисите. Крајот се заокружи со официјално доделување на сертификати.

Академијата е продолжување на активностите на А1 Македонија во рамките на проектите на компанијата за општествена одговорност и одржливо работење, обединета под мотото „За подобар свет“. Програмата која вклучува целосен пакет на курсеви за вештини потребни за разбирање и управување со комплексни дигитални области, има за цел да ги научи заинтересираните да ги користат алатките што им се потребни за да напредуваат во дигиталниот свет.
Кои се условите за пријавување?
Амбициозни млади од 18 до 25-годишна возраст, подготвени да го прошират своето знаење и да се стекнат со најсовремените дигитални вештини. За учество во академијата не е потребно претходно познавање во областа за која ќе се пријавите. Ако имате желба и мотив за работа и учење, ќе се стекнете со напредно знаење и со најсовремените дигитални вештини на иднината. Програмата вклучува целосен пакет курсеви потребни за разбирање и управување со комплексни дигитални области.
Предаваат врвни предавачи експерти во својата област. Пристигнатите апликации ги разгледува комисија на академијата, која врз основа на посветеноста, желбата и мотивот ги избира соодветните кандидати. Наставата се одвива во живо во просториите на управната зграда на А1 Македонија. Курсот трае три недели, двапати во неделата, во попладневните часови, со времетраење од 2 часа.