Телекомуникационите провајдери се компании кои најсамоволно, своеволно, разбојники, царуваат на пазарот. Никаква конкуренција не е може да ги сопре во нивниот разбојнички поход и ограбување на народот со ситни подмолни финти, кои, и кога ќе му се „објаснат“ на народот, тој, ниту ги разбира, ниту пак се вистинити. Едноставно тој е улашен од фактот дека не може ништо да смени и си ги плаќа нереланите сметки, кои одвреме-навреме операторот си ги формира како сака. Работата е во тоа што без никаква причина на сметакта ви доаѓа некоја сума плус од цената на вашиот пакет, од која ви се крева косата! Одите во нивните пунктови, прашувате, таму ви велат дека морате да се јавите во кол-центарот. Љубезната кол-службеничка почнува да ви објаснува дека сте стиснале нешто на вашиот телефон и тој почнал да влече накави си адрси и дека тоа е причината за цехот. Тоа е така извежбано, што вие не можете да одговорите на тие тврдења, едноставно – ништо не разбирате, туку сте среќен на нејзиното тврдење – „јас одовде ќи ги исклучам тие страници, а од идниот месец ова нема да ви се случува“. Но, некои граѓани се жалат дека тоа им се случува со месеци и дека финансиски се значително оштетени. Никогаш операторите не признаваат дека вината е кај нив, дека вашата сметка не е заштитена од нивна страна и дека секој од дома или од странство може да се закачи на неа и да ве ограби колку што сака!

По објавата на ФБ дека сум ограбен од А1 за 800 денари, во рубриката „коментари“ се јавија голем број пријатели кои тврдат дека истото им се случувало со месеци:

1.  I plus Uplakash 20 gbZa 5 dena kaoo si gipitroshil Barash ibrazlozenje ,I lista ne DAVAAT Zivi lopuzi se

2.  Toa e zaradi, navodno, "isprateni poraki" kon stranski operator... A, vprocem se raboti za propust na kompanijata za zastita na korisnicite... Potocno, kolku sto uspeav da razberam, nemoznost da se zastitat od "hakerki napadi"...koi, kakva slucajnost, doagale od Germanija i Avstrija... Nie, vakov problem imavme so meseci

3.  токму така ми беше „објаснето“, демек ја сум бил крив - сум стиснал нешто, не знам што, ама вика мораш да ја платиш сметката, а сега ние ќе ги блокираме тие сајтови итн...

4.  mnogu mi e i ni e poznata celata taa prikazna... Se pominavme... A, ova so "napadite" ni go kazaa izvori od A1...

5.  Da...50 den. e 1 poziv na informacii 1188.....jas sum zvonela 4 pati...200den. plus!!

6.  istoto mi se sluci i mene,brane...100evr na gladno srce...mafija

7.  ima li nekoj advokat da go potegne ova

8.  Ми"објаснија" од А1 за минатиот месец 500 ден плус, сум се зачленил некаде во некој клуб. Јес да имам 71 ама не сум сеуште излапен. Чаре--мењам оператор.

9.  So godini trae

10.              Sto se cudis, ludiloto e pusteno na najjako. Koj znae sto se ni proslo a da ne sme primetile

Еве ја сликата за „задоволството“ од услугите на А1, кој секојдневно не бомбардира со реклами дека е најдобар провајдер и дека задолжително треба нему да му ја дадеме довербата, што значи - контролата врз нашиот новчаник, зашто кога ќе ни ги извади парите од него, ние сме немоќни да направиме што и да е!

На сајтот на А1, со финти е избегната можноста да стапите директно со некое живо лице, туку е креирано виртуелно лице со кодно име „Славчо“, кого - што и да го прашате, ви враќа со однапред подготвен писмен шаблонски одговор како овој:

„За постпејд услугите на А1 можам да ти помогнам со активација и деактивација на пакети и дополнителни услуги, како и за сите прашања поврзани со твојата сметка или тарифа.“ Ете тоа е можноста за контакт клиентот со продавачот!

Се обративме до Агенција за електроснки комуникации.  Горан Колевски, советник на директорот за заштита на правата, ни го даде следниов одговор.

„Во врска со вашиот проблем, прво поднесувате приговор до операторот, а потоа до Агенцијата за електронски комуникации. (Агенцијата е второстепена можност)

Значи лицето што го има потпишано Договорот со операторот поднесува писмен приговор кај операторот во еден од продажните салони на операторот, по пошта со препорачана пратка или електронски, ако имаат дадено писмена согласност на операторот.

Писмениот приговор до операторот доставете го во рок од 15 дена од денот на настанатата повреда која е предмет на приговорот. Инаку, како претплатник сте должни да го платите износот на месечната претплата во определениот рок, иако сте поднеле приговор до операторот. Операторот е должен да Ви достави одговор во писмена форма за основаноста на поднесениот приговор во рок од 15 дена од денот на приемот на приговорот. Ако не сте задоволен од донесената одлука по приговорот, имате право во рок од 15 дена од денот на приемот на истиот до Агенцијата да доставите Барање за решавање на спор.

Ако операторот не постапи по Вашиот приговор во рокот од 15 дена, имате право до Агенцијата за електронски комуникации да доставите Барање за решавање на спор во рок од 35 дена од денот на поднесувањето на писмениот приговор до операторот.

До Агенцијата за електронски комуникации потребно е да ја доставите следнава документација:

- Формулар за приговор (Барање за решавање на спор; го има на http://www.aec.mk  или ќе Ви биде даден во објектите на Агенцијата)

- писмениот приговор пратен до операторот

- писмен одговор по приговорот (доколку операторот Ви го доставил во рок од 15 дена од денот на поднесениот писмен приговор до операторот).

Врз основа на наведената документација, Агенцијата почнува постапка за решавање на спор.

Документацијата можете да ја доставите на еден од следниве начини:

- по пошта, на адреса: Агенција за електронски комуникации, Кеј Димитар Влахов бр.21, 1000 Скопје

- лично во просториите на Агенцијата или

- електронски на e-agencija.aek.mk (документацијата скенирана и атачирана во PDF).

Ете, ова е одговорот од Агенцијата за електронски комуикации.

Овој текс го пишувмање да им помогнеме на сите оштетени на горенаведниот начин, односно да им го покажеме патот за решавање на нивните проблеми со операторите. Колку ќе бидат исполнителни и операторот и Агенцијата, редовно ќе информираме. Во очекување на позитивно решавање на случајов, дочитање!