A1 Македонија и годинава со „Women in Digital 2021“. Онлајн дебата на тема: „Вештачката интелигенција и развојот на работните вештини“.

A1 Македонија и годинава со „Women in Digital 2021“

Телекомуникациската компанија А1 Македонија ја најави третата годишна конференција “Women in Digital 2021“ која ќе се одржи на 8. април со почеток во 13 часот. Годинава конференцијата ќе се одржи во целосен он-лајн формат, а содржината за прв пат ќе се емитува во живо преку професионалната мрежа LinkedIn.

AI и развојот на работните вештини


Со едноставно вклучување преку LinkedIn на официјалниот профил на А1 Македонија, конференцијата ќе биде отворена за сите заинтересирани што сакаат да слушнат и да се вклучат во дебатата на една од најактуелните светски теми: „Вештачката интелигенција и развојот на работните вештини во дигиталната ера“.

Истакнати жени–професионалци од реномирани македонски и странски компании ќе дебатираат за потребата од вештачката интелигенција. За нејзината примена во работата, како и неопходниот развој и усовршување на потребните вештини за работа.

Со воведни говори, учесниците на конференцијата ќе ги поздрават,  Министерот за информатичко општество и администрација. Исто и Методија Мирчев, извршен директор на А1 Македонија.

На темата „Што значи притисокот на дигиталната трансформација и како податоците и AI алатките ќе ни помогнат во решавање на модерните проблеми“ конференцијата ќе ја отвори Ана Симиќ. Та е раководител за маркетинг автоматизација и дигитална трансформација во А1 Телеком Австрија Групација.

Во рамки на конференцијата ќе се одржи и панел-дискусија на која своите стручни ставови на темата ќе ги изложат истакнати успешни жени од бизнис заедницата. Тоа се: Ивана Доневска, извршна директорка/раководителка на секторот за податоци и аналитика, USAA банка Чикаго. Потоа, Симона Атанасовска, раководителка на оддел за развој и истражување во CodeWell AI Македонија. Во оваа група е и Ирена Ивановска, раководителка на одделот за ИТ едукација  во Семос Македонија. И Маја Милосавлевска Наумовска, директорка на Одделот за техника во А1 Македонија.

Како компанија која посветено работи на овозможување на дигитализацијата во општеството, А1 Македонија со оваа конференција има за цел да ја поддржи и истакне улогата која жените ја имаат во бизнис заедницата. А исто и нивната улога која е особено важна во развојот, унапредувањето и примената на информатичката технологија.

Линк за настанот “Women in Digital 2021“: https://www.linkedin.com/events/6783681935152619520/

А1 Македонија


Компанијата А1 Македонија е член на А1 Телеком Австрија Групацијата. Таа е водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа. Компанијата работи во седум држави и обезбедува услуги за над 25 милиони корисници. На македонскиот пазар компанијата опслужува 1,2 милиони корисници, овозможувајќи им одлично корисничко искуство.