Во Македонија на месечно ниво се даваат над 45 000 правни совети и над 30 000 правни документи. Тие правни совети се завршени или по телефон или во канцеларија. 

За Димитар Чуковски, творец на стартапот „Адвокат.мк“, тоа е и проблемот и за адвокатите и за клиентите. Од една страна проблем за адвокатите е што немаат никаков дигитален начин да дадат совет за нивните клиенти и да бидат платени за истото. Од друга страна, пак, клиентите имаат тежок и долг процес да стигнат до вистинскиот адвокат, да се консултираат со него и да ги завршат онлајн нивните правни обврски. 

„Решението кое го нудиме е веб платформа и мобилна апиликација која ќе овозможи лесно поврзување на адвокатите со нивните клиенти, преку кју ар код кој води до нивниот профил или органски на начин кој што ќе можат да видат кратка биографија, искуство, со која проблематика се занимаваат како и можност да комуницираат со нив. Можноста е за комуникација или преку пораки или да договорат состанок. И пораките и состанокот ќе имаат можност да бидат наплатени. Неазависно дали по ограничен број на пораки или при договорен совет. Адвокатот одлучува дали и колку ќе биде платен за неговото потрошено време. Инаку, има можност и за договори. Договорите се користат за клиентите да имаат можност да го најдат правиот договор што им треба, да пополнат формулари и за 10 минути да можат да го завршат целиот нивни процес без да има потреба да комуницираат со нивниот адвокат“, појаснува Чуковски.  

Бизнис моделот на „Адвокат.мк“ е замислен да се состои од два типа. Првиот е на база на претплата, вториот е т.н. бесплатна база. Моделот на претплата е за адвокати кои ќе се приклучат на платоформата за 20 евра месечно, со можност да си наплаќаат за своето време и консултации и да имаат веб профил, кој ќе може да го споделат со клиентите и да ги кажат нивните услуги. Ова ќе биде тип на профил кој ќе може да го направат како на „Фејсбук“ или други социјални мрежи. 

Бесплатната база, пак, за секој завршен договор или совет од страна на адвокатот, се однесува за секој даден совет од страна на адвокатот ќе изнесува 4 насто од трансакцијата, пари кои ќе им бидат префрлени на крајот на месецот. Очекувањата на Чуковски се дека барем 5 насто од адвокатите на Македонија да се приклучат на платформата. Според него, тоа е доволно за почеток и за да може со тек на време да се прошират. 

Адвокатите ќе аплицираат во процесот на регистрација на платформата, за да бидат дел од неа, ќе треба да пополнат преку формулари на кои ќе треба да одговорат кои се сервисите кои ги нудат, колку долг период се дел од Адвокатската комора, тоа е процесот за регистрација. За клиентите, пак, платформата нуди можност и за рефундација на парите. Тоа значи дека доколку клиентот не е задоволен, ќе се провери целиот процес, бидејќи цела комуникација за совети и услуги ќе биде снимена, за да нема потенцијални злоупотреби. На крај, адвокатот и клиентот ќе потврдувваат со нивните токени кои ќе ги добијат за договор на услуга, vо случај ако треба да се провери процесот. 

„Платофмрата веќе ни е во напредна фаза. Имаме развиено и мобилна и веб апликација. Во процес сме со „Комерцијална банка“ да го овозможиме плаќањето. Паралелно, сакаме да го подобриме и маркетингот. Пресметките ни покажуваат дека ни е потребна инвестиција од 20 000 евра за да се прошириме“, вели Чуковски.  

Успех за „Адвокат.мк“ ќе биде ако на почеток се зачленат барем 150 адвокати. Според Чуковски, тоа ќе биде доволно од финансиски апскет за да вложуваат во платофмрата и таа да расте. 

Платофмрата „Адвокат.мк“ е веќе развиена. Засега нема корисници, но, постојат  адвокати кои се заинтересирани за нејзино користење. Веќе се остварени контакти и со Адвокатската комора на Македонија. Истражувањата на „Адвокати.мк“ пред да започнат со развивање на стартапот, покажува дека  на 1 од 9 адвокати им се допаѓа идејата бидејќи за нив е дополнителен начин да заработат повеќе пари.