Комерцијалните аеродроми низ поранешна Југославија опслужија вкупно 19.902.692 патници во првите седум месеци од оваа година, со 4,95 милиони патници само во јули.

Меѓу нив, во текот на седмиот месец од годината, се истакнаа три аеродроми со високи стапки на раст. Тоа се Сараево со пораст од 37,2 отсто во јули во однос на претходната година и Тиват со раст од 33,8 отсто; како и Загреб кој имаше пораст од 17,2 проценти на бројот на патници. 

Од друга страна, неколку регионални аеродроми се покажаа полоши во текот на месецот, вклучувајќи ги Тузла, која забележа пад од 74,6 отсто, Ниш, кој имаше 27,1 отсто помалку патници отколку во јули 2023 година и Бања Лука, која загуби 18,3 проценти од патниците во споредба со претходната година.

Пад на бројот на патници во однос на минатата година забележаа и неколку други аеродроми, меѓу кои Скопје, Охрид, Осиек и Риека.

Во периодот јануари - јули, белградскиот аеродром беше рангиран како 70-ти најфреквентен на континентот, веднаш зад Базел, Рејкјавик и Ларнака, но пред Глазгов, Софија и Солун. Загреб влезе во топ 100, позиционирајќи се како 99-ти најпрометни, зад Вилнус, Тбилиси и Вроцлав, но пред Ист Мидлендс, Лидс и Бодрум.

Приштина беше рангирана на 106. место, веднаш зад Трондхајм и Ставангер во Норвешка, како и Менорка, но пред аеродромите како Крф, Рим Чампино и Нирнберг.

Скопје е рангирана на 127. место зад Меминген, Корк и Тревизо, но пред Кос, Понта Делгадо и Санторини.

Со над милион дополнителни патници до крајот на јули во споредба со минатата година, Хрватска е најбрзо растечкиот пазар во поранешна Југославија во 2024 година врз основа на бројот на нови патници, пренесува Екс Ју Авијација.

На скопскиот аеродром продолжува падот на патници и во јули

Скопскиот аеродром во јули опслужил 296.981 патници, што претставува намалување од 5,5 oтсто во однос на минатата година. Падот пред се е резултат и на намалувањето на мрежата и капацитетот на Wizz Air, предизвикано од заземјувањето на значителен дел од нејзината фамилијарна флота Ербас А320. Во текот на јули, Wizz Air, како најголема авиокомпанија на аеродромот, го намали вкупниот капацитет во Скопје за 12,4 отсто или нешто повеќе од 27.400 седишта. Во периодот јануари-јули, скопскиот аеродром опслужил 1.661.552 патници, што е зголемување од 7,5 отсто по рекордниот прв квартал, на кои не влијаеле проблемите со возниот парк на Wizz Air. Во август, планираниот капацитет на скопскиот аеродром е намален за 1,9 отсто, додека во септември, бројот на слободни места на редовните услуги ќе порасне за три отсто, бидејќи Wizz Air привремено го зголемува бројот на летови, пренесува exyuaviation.

Бројот на патници на Скопскиот аеродром се намали и во јули, веќе четврт месец по ред, објави специјализираната веб страна за авиособраќај Ексјуавиејшн. Во јули, Скопскиот аеродром имаше 296.861 патник, што е намалување од 5,5 отсто во споредба со истиот месец лани.

Ова намалување најмногу се должи на намалувањата на капацитетот и мрежата на Визер, поради проблемите со моторите на авионите од линијата 320 на Ербас. Во јули, Визер го намали својот капацитет на Скопскиот аеродром за 12,4 отсто.

со цел да се намали зависноста од Визер, Владата во иднина ќе субвенционира дестинации, а не како досега авиокомпании.

„Досега се субвенционираше по патник на заминување од Македонија, а отсега ќе субвенционираме по патник на доаѓање во Македонија. Целта е да носиме туристи, на поевтин начин. Второ, ако претходно беше седум евра по патник на заминување, сега субвенцијата ќе биде девет евра по патник на доаѓање на Скопскиот аеродром. Ако претходно беше по четири евра од Охридскиот аеродром, сега за стимулирање на туризмот, ќе биде 12 евра по заминат патник од овој аеродром“, информираат од Владата.

Субвенциите за новите дестинации ќе може да бидат и на линии надвор од ЕУ, зашто досега беа субвенционирани само летови од аеродромите на Европската унија.