Со Александар Шекуларац од белградската компанија Sky Music, која е регионален број 1 во организирање на музичко-сценски настани, зборувавме за нивната платформа Bandbook, која неодамна започна да функционира, придобивките од неа, кој се може да биде дел од друштвото, идните планови и цели...

Платформата Band
book конечно започна со работа. Што, всушност, претставува таа? Чија беше идејата за ваков проект?

- Платформата Bandbook претставува чекор напред во начинот на резервирање на бендовите и другите уметници поврзани со креативната индустрија. Како таква, платформата не е прва што ги поврзува изведувачите и корисниците, но таа е прва што им нуди на своите корисници низа други поволности. Сопственикот на компанијата Sky music, Милеко Шкариќ, даде предлог за ваков чекор напред во квалитетната презентација на бендовите, нивната сигурна резервација и целосна поддршка што бендовите можат да ја добијат на вакво место.

Што нуди The Bandbook и каков е одзивот на музичарите и останатите кои се дел од музичкиот живот?
- Bandbook е, покрај основната функција што ја нуди, а тоа е првенствено во професионалното поврзување на изведувачите и корисниците, нуди и голем број услуги што никој не ги обединил на едно место, пред сè преку доведување на музичката индустрија до нивото на деловно работење, како што се работи во целиот свет. Корисниците со кои контактирав се генерално многу задоволни што сега можат да најдат многу работи што им се потребни за да функционираат на едно место.

Дали платформата е наменета само за нови имиња, или дали обединува сè, од музичкиот живот?
- Платформата е дизајнирана да ги приспособи сите актери во индустријата за забава. Самото име на платформата - Bandbook, подразбира бендови како основни корисници, но категориите се разновидни и се добредојдени сите што се занимаваат со оваа голема индустрија.


Дали постоеа опструкции додека се реализираше еден ваков проект?
- Што се однесува до опструкциите на самиот проект, никогаш не сум имал нешто што може и што изгледа така. Сите оние кои веќе имаат платформи од сличен тип сè уште функционираат на начинот на кој тие замислуваа и самата идеја наиде на нивно одобрување и максимално се понудија да помогнат.

Дали некој од Македонија веќе е дел од платформата The Bandbook? И, како да се приклучиме, тој што сака?
- Постојат неколку имиња од Македонија, но ова е само почеток. Тие се пријавија само по препорака, и не можеа да ја видат целата платформа и она што таа го нуди. Се надевам дека сега кога платформата е онлајн ќе има вистински интерес, како од Македонија, така и од целиот регион.


Кои се понатамошните цели и како е замислен развојниот пат на овој проект?
- Што се однесува до целите, тие се поставени на многу високо ниво, пред сè што и самата Sky Music може да понуди многу. Секако, се со цел целосно и транспарентно организирање на музичката индустрија како целина. Платформата вклучува низа активности кои се многу важни за изведувачите. На секој можен начин платформата може да го подобрат бизнисот на секој од нив, без оглед на тоа како се класифицирани - бенд, пејач, инструменталист, диџеј...

Иван Беќковиќ