Познатата авторка на многу хитови, Алка Вуица, најавува нов студиски албум со песната „Luđakinja“, и тоа по пауза од цели 16 години.
На оваа песна, како и на целиот албум, таа соработуваше со Марија Мирковиќ, поранешна членка на The Frajle. Алка е текстописец, Марија ја потпишува музиката, додека Драган Брнас Фудо застана зад аранжманот.


– Тоа е вистинска женска химна. Тоа е песна што ќе остане и ќе се слуша долго време. Со Марија сум соработувала и претходно како композитор, но ова е нешто сосема поразлично од она на што сме работеле. И, многу ми е мило што песната „Luđakinja“ е избрана за наш прв сингл – вели Алка.„Luđakinja“ периодов е една од највртените песни на Анторис радио, а официјалната изведба ќе ја има на претстојниот CMC фестивал.