Алка Вуица, една од најуспешните текстописци во регионот, зборува за соработката со Јосипа Лисац, почетоците на соло-кариера, колку го следи модерното на музичката сцена, и зошто е добро што никогаш не го послуша Бајага...

За почетоците...


Ги напишавте сите песни од албумот на Јосипа Лисац – „Hoću samo tebe“, а оваа соработка со Јосипа и Карло Метикош беше вашиот билет за музичката сцена и почеток на вашата авторска кариера. Дел од Вашиот ракопис се култните „Danas sam luda“, „Gdje Dunav ljubi nebo“, „Bolujem“, „Kraljica divljine“…
- Како дете пишував стихови и една вечер во едно мало кафуле во Пиран им ги рецитирав песните на Карло Метикош и на Мато Дошен. Јас и Дошен, кој ме запозна со Карло, се знаеме од порано. На Карло, навистина, му се допаднаа моите стихови, и предложи ме запознае со Јосипа...

Патем, ми дадоа снимки на Јосипа како пее на англиски и ми рекоа да се обидам да направам стихови на тие мелодии. Работев цело лето, не знаејќи како се прави тоа. Есента ги донесов моите текстови во Загреб. Седнавме на клавирот. Текстовите многу му се допадна на Карло, додека Јосипа се обиде да ги отпее. За албумот „Hoću samo tebe“, ми ги зедоа сите десет текстови и така започна мојата соработка со Јосипа Лисац и Карло Метикош.


Бајага ми го донесе првиот албум на Лори Андерсон...


Алка, како кантавтор се претстави во почетокот на 9-те, кога на касета, со инструментална музика читаше свои стихови. Се работи за песните: „Ti ne znaš voditi ljubav“ и „Misliti na život“…
- Отсекогаш сакав да направам албум каде што ќе ги рецитирам моите стихови. Јас всушност тоа го направив со збирка поезија „Адамовото ребро“. Пред да почнам да пеам, Бајага ми го донесе првиот албум на Лори Андерсон, за кој тогаш никој не знаеше и ми рече: „Мораш да направиш вакво нешто.“ Не го послушав Бајага и добро е што го послушав, затоа што денес би била гладна, но секогаш имав некои рецитации во моите песни.

На новиот албум ќе има една убава песна „Љубовник“, која само ја рецитирам.Песната е навистина