Компанијата „Алкалоид“ е најатрактивен работодавец, односно најпосакувана македонска компанија за работа за 2022 година, покажаа резултатите од  анкетата спроведена од веб-порталот на Агенцијата за посредување при вработување „Вработување.ком“. На јавното анкетно истражување спроведено во периодот од 26.5.2022 до 19.6.2022 година дури 41 отсто од вкупно 1.468 испитаници одговориле дека би сакале да работат во „Алкалоид“.

Наградата му беше врачена на Генералниот директор и Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, на манифестацијата конципирана како оскари за работодавците, „Работодавец на годината“.   Наградите за најпосакуван работодавец беа доделени врз база на три критериуми: бројот на посети на огласите и на објавите на сајтот „Вработување.ком“, покажаниот интерес од апликантите и јавното анкетно истражување. На манифестацијата беа доделени награди во вкупно седум категории, а „Алкалоид“ ја доби наградата како апсолутен победник, односно се закити со титулата „Најпосакуван работодавец за 2022 – најпосакувана македонска компанија“.

Како компанија во чија деловна стратегија и во стратегијата за општествена одговорност -Луѓето се пред сѐ, „Алкалоид“ ќе продолжи да одржува и да креира високи професионални стандарди во работната средина која претставува кариерен предизвик за сѐ повеќе млади професионалци кои тежнеат својата кариера да ја градат во сопствената земја.

 На настанот на кој се одбележаа и 20 години постоење на Вработување.ком се доделија следните награди:

1.      Во категоријата: Приватни здравствени установи најпосакувана болница за вработување е АЏИБАДЕМ СИСТИНА

2.      Најпосакуван ланец на маркети за вработување е КАМ МАРКЕТ

3.      Најпосакувана странска производствена компанија за вработување е ЏОНСОН МЕТИ

4.      Најпосакуван работодавач во категорија Нафтена индустрија е МАКПЕТРОЛ

5.      Најпосакувана Компанија за производство на храна е ВИТАМИНКА ПРИЛЕП

6.      Најпоскувана Бренд продавница за облека е ЗАРА

7.      Најпосакувана БАНКА  за вработување е НЛБ БАНКА

За компанија со најдобра Емплоер брендинг кампања е прогласена НЕЛТ СТ.