Европската унија уште нема податоци за воведување дополнителни царини на нејзините производи од страна на новата американска администрација, откако старо-новиот претседател Доналд Тамп најави дека ќе потпише указа за тоа, исто како што направи за увозот на стоки од Канада, Мексико и Кина.

На Европска унија секако дека таква одлука тешко ќе и падне. Брисел дава сигнали дека сака да ги зајакне односите со САД, но е подготвен остро да одговори  со противмерки.

ЕУ верува дека ниските царини го стимулират економскиот раст и стабилноста во рамките на силен трговски систем, но ако се игра според правилата. Европската унија решително ќе одговори на секој трговски партнер што ќе наметне царини за европската стока на произволен и неправеден начин, истакнуваат европските стручњаци.

Царините за Канада, Мексико и Кина

Трамп пред неколку дена потпиша укази за воведување  царини на стоката од Канада, Мексико и Кина. Увозните  царини од 25% се воведуваат на сета стока од Канада, освен за енергенсите, за кои ќе се применува стапката од 10%. Со овие мерки канадските власти се многу изненадени, дури не очекуваа ваков потег на Трамп, дотолку повеќе што стандардот во двете земји е изедначен и препоставуваат дека кандаските производи никако не можат да ја загрозат американската економија.

Царинската стапка за стоката од Мексика исто така ќе биде на висина од 25 проценти.

За кинеските производи стапката ќе биде 10 насто, покрај  постоечкие американски царини што веќе важат на кинескиот увоз во САД.

Влијанието на американските царини врз нас и врз регионот

Европската унија е наш најголем трговски парнер. Соседна Србија е исто така земја со која имаме голема трговска размена, па затоа, иако нашата директна изложеност кон американската економија е многу мала, речиси незначителна, последиците што можат да ги снајдат овие наши два најголеми трговски партенра, можат индиректно да се одразат и врз нашата економија и тоа доста силно.  

Таков удар, српската економија доживеа 2019. година кога тогашната американска администрација, која е сега повторно на власт, воведе царини на увоз на основните  индустријски метали, најмногу за металите што ги увезуваше од Кина. Тоа железо, што требаше да заврши на американскиот пазар, се најде на европскиот, го    преплави  и ја загрози европската индустрија, па беа воведени мерки на реципроцитет што индиректно ја погоди Србија. Сега, Америка воведува царини на поширок асортиман на производи, практично на сите индустриски производи што влегуваат од Мексико и Канада кои се едни од главните трговски партнери на САД.

Ваков развој на ситуацијата секако ја загрижува и Србија и нас, имајќи предвид дека има голема веројатност и Европа да биде погодена од некои од протекционистичките мерки од страна на Америка, иако и Србија и Македонија имаат договори за слободна трговија со Унијата како земји кандидатки за влез во оваа заедица.

Но, ако тие санкции ги погодат двете земји, на кои 70 насто од извозот им е ориентиран на европскиот пазар, се поставува прашањето - како стоката може да биде конкурентна на тој пазар?

Експертите одговараат дека, ако сакаат да го вратат своето место во трговската размена со Европа, земјите од Западниот Балкан ќе мораат да го зголемат асортиманот на производи што влегуваат на европскот пазар, да постигнат што пониски цени на производстовто и да го зголемат квалитетот на производите. Впрочем, тоа би значело некаков реципроцитет на бројот на трговските синџири што ги снабдуваат нашите пазари.

Последиците од воведувањето на царините кај нас нема да се почувствуваат брзо, затоа што ефекат на прелевањето бара одредено време и прво се појавува во земјите што се најмногу вклучени во меѓународните токови, а тоа обично се најразвиените земји. Но, во понеразвиените се задржуваат многу подолго и се манифастираат со длабока рецесија и со инфлација.

Според накои прогнози, на Балканот најмногу би биле погодени металната и хемијската индустрија, кои во извозот учествуваат, во просек, со 60 насто.

Последиците за Македонија од американские санкции

Македонската индустрија се држи на тенки и нестабилни нозе. Македонија нема свои скапи брендови ниту можност да продава лиценци или франжизи. Тоа се отсликува во трговскиот дефицит кој е во длабока негатива.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – ноември 2024 година, изнесува 7 милијарди 216.6 милиони евра и бележи пад од 5.8% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 10 милијарди 126.5 милиони евра, што е за 0.6 % помалку во споредба со 2023 година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – ноември 2024, изнесува 2 милијарди и 910 милиони евра, а покриеноста на увозот со извоз е 71.3 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите за седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за превоз на лица.

Во периодот јануари – ноември 2024 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија.

Дефицитот од речеси 3 милијарди евра во размената за Македонија е огромен. Се разбира дека Македонија е мала земја, но и Швајцарија е мала, ама пребогата, нејзините брендови - банкарството, туризмот, часовниците, чоколадите, а и безбедноста, ја држат економијата на оваа земја при врвот на светската ранг листи на богати држави. Македонија, иако го знае ова, остана на монетарната мерка курсот на денарот да се држи вештачки, а не со изоз, со ризик побарувачката на нашата валута да биде се помала со оглед на намаленото земјодлеско производство и намалената конкурентност на други производи и работата да стане ногу сериозна за стандардот на граѓаните. Така оди тоа во земја во која корупцијата е поважна од науката во која се инвестира само 0,2% од годишниот БДП, во земја во која дипломите се купуват и се ценат повеќе од научните трудови.