Авто-индустријата се бори со глобалниот недостаток на чипови. Производителите на автомобили BMW и Stellantis предупредија дека глобалниот недостаток на полупроводнички чипови што ја погоди индустријата оваа година ќе продолжи и понатаму и ќе влијае на производството и продажбата.

Зошто нема чипови?
Производителите на автомобили, кои беа принудени да ги затворат фабриките минатата година поради пандемијата, се соочуваат со силна конкуренција од распространетата електронска индустрија за испорака на чипови, погодени од серија прекини во синџирот на снабдување за време на пандемијата.
Главниот финансиски директор на Стелантис, Ричард Палмер, смета дека четвртиот по големина производител на автомобили во светот не очекува подобрување на понудата на чипови пред четвртиот квартал годинава. Поради тоа вкупната проектирана загуба на производство ќе ги чини околу 1,4 милиони возила во 2021 година.
БМВ, кој досега беше релативно помалку погоден од недостатокот на чипови отколку некои од неговите конкуренти благодарение на силните односи со добавувачите, исто така предупреди дека второто полугодие ќе биде попредизвикувачко за германскиот производител на луксузни автомобили.
„Колку подолго траат тесните грла во снабдувањето, најверојатно ситуацијата ќе биде напната“, рече финансискиот директор на БМВ, Николас Петер.
Очекуваме дека ограничувањата на производството ќе продолжат и во втората половина од годината, а со тоа и соодветно влијание врз обемот на продажба, посочува тој во соопштението
Авто -индустријата се бори со глобалниот недостаток на чипови
Недостатокот може да трае до 2022 година
Други производители на автомобили како Тесла и Форд признаа дека во догледна иднина ќе има недостаток на чипови, пренесува Ројтерс.
„Додека произведуваме автомобили со полна пареа, ситуацијата со недостаток на чипови на глобално ниво станува доста сериозна“, убедува и извршниот директор на Тесла, Илон Маск.
Германскиот производител на чипови Infineon Technologies, исто така, предупреди на „темната слика“, велејќи дека се бори со екстремни тензии на своите пазари, бидејќи пандемијата го наруши производството во Азија, а залихите паднаа на најниско ниво. Многумина очекуваат дека таквата ситуација ќе трае до 2022 година.
Најголем недостаток на чипови во последните три децении
Институтот за економски истражувања „Ифо“ оваа недела соопшти дека германската автомобилска индустрија и нејзините добавувачи се соочиле со најголемиот недостаток во снабдувањето со чипови во последните 30 години.
Истражувањето покажува дека 83 проценти од компаниите биле погодени од тоа, наспроти 65 проценти во април.
„Тоа секако доведува до прекин на производството. Недостатокот на полупроводници ќе трае уште некое време“, рече Оливер Фалк, истражувач во институтот.
Француската група за лобирање на автомобили CCFA-PFA неколку дена предупредува дека глобалниот недостаток на чипови и повторното ширење на болеста ги намалуваат изгледите за силно закрепнување на францускиот пазар на автомобили.