Бајрам Реџепи: ќе се гасифицираме во наредните четири години


Граѓаните на Македонија се крајно загрижени за својот животен стандард најмногу поради скокот на цените на струјата и на горивата.

Директиорот на Националните енергетски ресурси (НЕР), Бајрам Реџепи, е оптимист и вели дека овој бран ќе почне да се смирува кон средината на оваа година. Тој вели дека во нарендите четири години многу индустриски објекти, институции, домаќинства ќе можат да се приклучат и да користат природен гас, поевтин енергенс, но, сепак и неговата цена ја диктираат светските берзи. Овааа државна институција (НЕР) ја спроведува изградбата на преносната гасоводна мрежа низ земјава и договорите за поврзување на мрежата со другите мрежи што водат до изворите на гасот.

Бајрам Реџепи: веќе сме во процес на затворање на финансиската конструкција и добивање на потребните одобренија за градба

 


  • До каде е изградбата на преносната мрежа за природен гас ?


-Веќе се изградени околу 270 километри, во трите сегашни лотови што се во тек на градба, преостануваат уште не повеќе од осум километри, што треба да се завршат во текот на оваа година. Ова значи дека повеќе од 70 проценти од населението и индустријата ќе имаат можност да се приклучат и да користат природен гас во наредните години. Не треба да заборавиме дека уште сме во пандемија и не можеме да одредиме прецизни временски рокови, но правиме максимални напори да ги забразме сите постапки што поскоро да почне масовното користење на природниот гас како енергенс во домаќинствата, индустријата и институциите.

  • Кога се очекува да почне изградбата на интерконективниот гасовод со Република Грција ?


-Постапките треба да се отворат до средина на годинава, а изградбата е планирана да почне при крајот на оваа година. Ние веќе сме во процес на затворање на финансиската конструкција и добивање на потребните одобренија за градба. Договорот за грант од WBIF, во вредност од 10 милиони евра за градба и договорот за заем со ЕИБ, се веќе потпишани и во тек се преговорите со ЕБОР. Се надевам дека до третиот квартал на оваа година ќе се финализираат со договор.

Овој интерконектор треба да стане оперативен во текот на 2024 година, со што нашите можности за снабдување ќе се диверзифицираат  и ќе овозможиме пристап до поконкурентни и постабилни пазари на природен гас. Тоа значи дека преку преносната мрежа на ДЕСФА, ќе имаме директен пристап до ТАП  (Trans Adriatic Pipeline), и до ЛНГ – терминалите во Република Грција.

Дистрибутивна мрежа во 40 општини



  • Во оваа енергетска криза граѓаните голема надеж полагаат во скорешната достапност на гасот за домашна употреба, до каде се протега таа временска проекција?


-Годинава е клучна за многу проекти во врска со масовната гасификација. До средина на оваа година треба да заврши постапката за јавно- приватно партнесрство, за финансирање, за изградба и за одржување на дистрибутивната мрежа на целата територија на државата. Ќе заврши градбата во трите лота и некој од нив веќе и ќе биде пуштен во употреба, ќе почне изградбата на интерконективниот гасовод со Р. Грција, ќе се спојат А.Д. НЕР и А.Д, ГАМА итн... Операторот за дистрибуција ќе има обврска во околу 40 општини да почне изградба на дистрибутивната мрежа. Во градските општини ќе треба да се изградат над 50 проценти, а во руралните над 20 отсто, од предвидената мрежа. Тоа значи дека временската проекција е во наредните четири години, многу индустриски објекти, институции, домаќинства ќе можат да се приклучат и да користат природен гас. Но, тоа секако дека ќе продолжи со иста динамика и во иднина.

  • Со министерот Бектеши бевте во Азербајџан. Имавте директни разговори со нивниот министер, со министрите на Турција, на Бугарија итн.. Што значи за нас тој јужен гасен коридор ?


-Тоа беше многу корисна конференција, на која, освен билатералните средби со министрите за енергетика што ги спомнавте, имавме исклучително многу корисни преговори и разговори со менаџментот на SOCAR, и ТАП. Нашето поврзување на јужниот гасен коридор, значи пристап до многу стабилен и конкурентен пазар на природен гас.

Бајрам Реџепи:ќе се гасифицираме во наредните четири години

Европскиот пазар на гас зависен од Русија



  • Имавте средба и со господинот Вархеи. Каква е неговата улога во јужниот гасен коридор ?


-Да, освен со комесарката за енергетика, Кадри Симсон, се видовме и со комесарот Оливер Вархеи. Таа комисија (министерство), освен за проширување е и за соседна политика. Изворот на јужниот коридор е во Азербајџан, а корисници на јужниот гасен коридор се повеќе земји од регионот кои се во планот на ЕУ за проширување. Заради ова, улогата на комесарот Вархеи е голема и значајна за енергетската стабилност на целиот регион.

  • Колку нашиот пазар на природен гас е засегнат од тензиите во Украина ?


-Не само нашиот, туку целиот пазар на природен гас во Европа е многу зависен од ваквите тензии. Русија изминатите години на тој пазар учествуваше со над 140 милијарди м3 годишно. Тоа е речиси една третина од вкупната потрошувачка на Европа. Минатата година намалениот проток на рускиот гас низ Украина, беше една од главните причини за берзанските пореметувања. Но, секако, нашиот пазар е отворен и кон рускиот гас и кон другите снабувачи. Државен интерес е ние да им пружиме алтернативи за снабдување на трговците со што овозмужуваме конкуренција, која е многу битна и здрава за целата економија.

Интегрирани во заеднички регионален пазар



  • Често во минатато се спомнуваше организирање заеднички регионален пазар, каква корист би имале ние од тоа?


-Таква иницијатива постои одамна и во двете соседни држави - Бугарија и Грција. Тоа беше дискутирано и на последниот состанок на заедничката комисија во Софија. Во моментов, кога сме зависни само од еден извор на снабдување, тоа за нас нема да донесе голема корист и секако дека ние сме мал потрошувач на природен гас, во спредба со нашите соседи. Но, со изградбата на сегашните три интерконектори: Бугарија-Грција, Србија-Бугарија, Северна Македонија-Грција, ќе ја наметнат таа потреба и секако дека ние се подготвуваме да бидеме интегрирани во заеднички регионален пазар.

  • Често се спомнува изградба на втор интерконектор со Р.Бугарија, меѓу Струмица и Петрич, колку е тоа потребно во моментов ?


-Преку сегашниот интерконектор лани беа пренесни околу 430 милиони м3. Тоа е прв пат да се искористи повеќе од 50 отсто од капациотетот на гасоводот, но тој проток не е рамномерен во текот на целата година. Значи потрошувачката секоја година е во пораст. Во наредните години се очекува тој пораст да биде многу побрз. Изградбата на интерконекторот со Грција, ќе ни овозможи да имаме дополнителни 2.8 милијарди м3 годишно и тој ќе биде оперативен 2024 година. Но, секако дека и интерконекторот Струмица-Петрич е многу значаен за нас, бидејќи ние сакаме да користиме капацитети во складиштата на природен гас во Бугарија, и во таков случај протоците од нашиот источен сосед ќе треба да се оптимизираат.

Годинава цената на гасот ќе се стабилизира



  • По која цена балканските земји купуваат гас одделно, конкретно Македонија? Ако има разлики, зошто некоја држава го купува поевтино, а некоја поскапо?


-Цената на природниот гас зависи од берзите, има точна методологоја како се пресметуваат цените меѓу производителите, снабдувачите и трговците. Точно е дека одредени трговци понекогаш добиваат повластени цени, но секако со краткорични договори. Берзанските движења зависат од побарувачката и понудата. Ценовниот шок, што се случи минатата година и кој се уште трае, беше предизвикан од неколку фактори. Минатата година производството од обновливи извори во Европа беше многу слаба, и во ситуација кога повеќе европски држави веќе ги згаснуваат нуклеарните централи и електраните на лигнит, побарувачката за природен гас порасна многу брзо. Со исто такво брзо темпо се намалија резервите на природен гас. Во исто време протоците низ Украина се намалија над 60 проценти. Тие беа главните фактори за берзанските шокови. Но, очекувањата се дека во текот на годината тоа ќе се стабилизира.

  • Владата на Косово најави дека нема да го гради интерконективниот гасовод со Македонија. Како го коментирате тоа и која е причината ? Дали тоа ќе има последици за нас?


-Ние потпишавме меморандум за соработка и врз основа на тој меморандум добивме грант од WBIF за физибилити студијата за интерконективниот гасовод меѓу двете држави и таа студија е при крај. Официјално уште не сме добиле ништо што би укажало на тоа дека Косово се откажува од овој проект.



  • Земјите од Западниот Балкан се исто така зависни од рускиот гас. Дали Русија може да ја искористи оваа зависност како средство за зголемување на своето влијание ?


-Енергетиката е најмоќното оружје за геополитичко влијание. Нашиот регион посебно, но и цела Европа, главно се снабува со природен гас од Русија и од земјите од каспискиот регион . Тоа не’ прави нас, но и цела Европа многу ранливи во смисла на енергетска зависност. Не само енергетската, туку секоја друга зависност може да се злоупотребува и секако дека ние ги правиме сите напори да ги минимизираме ваквите зависности и да обезбедиме стабилно, диверзифицирано и сигурно снабдување со природен гас, како најбитен ресурс во енергетската транзиција.

Бране Стефановски