Се кине таму кај што е најтенко! Овој пат тоа се случи на планот на работната сила, која одамна ја нема на домашниот пазар, не само во Македонија, туку и во  Албанија и во Србија. Неинвестирањето, забавениот развој и популистичката економска политика буквално ги избрка луѓето од родната земја и ги натера животот да го бараат таму каде што го има. Убедувањата дека во блаканските  земји се живее се подобро и дека платата расте, се покажаа како лажни. ПАЗАРОТ КАЖУВА СЕ!

Од памтивека овој регион бил терен од кој се иселувале луѓето, во Америка, Австралија, па во Граманија, Шведска и кој знае уште каде не. Сите тие години тамошните плати и начин на живот биле попримамливи од нашите, регионалните. Сега работата ептен цркна. Работници нема, а работа божем има!? Па, сега и оваа ситуација се претвора во успех на регионалните влади, демек – се договоривме за размена на работната сила, па сите објаснувања за сите нејасни прашања остануваат уште понејасни.

Имено, од 5 март о.г. официјално се отвори единствениот пазар на трудот, според иницијативата Отворен Балкан, во кој на орото се фатија Македонија, Србија и Албанија. Според овој нов план во историјата на овој регион тоа треба да значи дека сите граѓани ќе можат да се вработуваат во која било земја од членките по едноставна процедура, односно - сертификатот издаден од надлежниот орган во секоја држава поединечно се признава во сите други држави кои се дел од оваа иницијатива.

На Македонија во моментов ѝ недостигаат околу 10 илјади работници, од кои најмногу во градежништвото и угостителството. Токму од овие професии, сите што еднаш фатиле мистрија и што знаат да држат послужавник - отидоа.

Во обратен правец - иако Владата ја зголеми квотата за увоз на работници од странство од 5.000 на 7.000, до крајот на минатата година, таа квота не беше пополнета, што значи дека Македонија не е интересна дестинација за регионалната работна сила.

Овој феномен треба добро да се анализира, за да се изградат ставовите и подоа да се дискутира. На планот вработеност/невработеност работата е многу чудна:

Во 2016 имавме невработеност од 24,6% (неофицијално таа бројка инесуваше и 30%) и за 6 години е намалена на 14%.

Статистиката вели дека за 6 години невработеноста е намалена поради отворени нови 60 илјади работни места, а дека останатиот процент се однесува на тие што си заминале или работат на црно - преминале во сивата економија.

Но, невработеноста ќе продолжи да паѓа, што значи дека иселувањето ќе продолжи, а не дека пазарот на трудот реално ќе продолжи масовно да апсорбира работна сила, затоа што, причините се одамна познати – малку инвестиции, мали плати, манипулација со платите и придонесите, мобинг на работното место, продолжено работно време, нечовечки однос на газдите кон вработените ( со чест на исклучоци) итн. Единствено „фирма што вработува“ прдолжува да биде државата и тоа по партиска, што значи политичка основа, нестручна и непродуктивна.  

Според државната статистика, која често знае да биде на услуга на нејзините газди, просечната исплатена месечна нето-плата по вработен во декември 2023 година изнесувала 39.998 денари (652 евра). Во Србија истиот месец изнесувала 812 евра, а според најавата на српскиот претседател Александар Вучиќ, од овој месец се очеква таа да изнесува над 855 евра. Директните странски инвестиции во Србија во 2024 ќе надминат 5 милијарди евра и да признаеме, Србија е замја за која во нашиов регион најмногу се интересираат странските инвеститори. Кај нас, ги откажуваат зделките (договоената изградба на фабриката за електрични автомобили во Тетово е еден од тие примери). 

За волја на вистината сезонската работан сила флуктуираше и досега, од Албанија работници берат јаболка во Преспа, но тие истите „шетаат“ и во Грција и во Италија, нашите порано одеа да берат портокали во Грција.

Минатата година во Србија се издадени повеќе од 52.000 работни дозволи за странците, што е повеќе од околу 70 насто  во споредба со претходната година. И покрај тоа,  недостигаат многу работници од сите профили. Некои  проценки велат дека фалат околу 20.000 возачи и угостителски работници. Се заборува дека во Србија има дојдено работници од Kине, од Русије од Турција од Индија, па дури и од Куба, Непал, Бангладеш и, најпосле до земјите од регионов.

Се наметнува прашањето, ако во балканските земји стандардот е на приближно ниво, кој ќе се мафта наваму- натаму кога насекаде недостигаат работници?  

Значи, теоретски може да се претпостави дека и на нашиов пазар ќе се појават работници од овие земји во кои можеби општиот стандард е понизок, но никако не траба да се залажуваме дека не знаат дека Македонија е една од најсиромашните земји во светот.

Доаѓањето на работниците од далеку повлекува и други прашања, сместување, здравствена заштитиа, образованите,  културни и верски ралики, кои можат да доведат дури и до инциенти, итн.

Иницијативата за лесно флуктуација на работната сила на членките на Отвоениот Балкан, односно во рамките на регионов, заасега изгледа како претурање од шупливо во празно. Се мафта со некаква завеса за да се прикрие една од главните и осовни економски принципи, а тоа е вистинска планска организација на економијата, домашно производство, извоз и реална цена на домашната валута. Потоа идат повисоки плати, подобар животен стандард и задржување на домашното населени дома.

Поуката од долгогодишнат лоша политика на креирање работна сила и воопшто на економијата е да се намали корупцијата на најниско можно ниво, да се фати вистинска економска политика на инвестиции. Тоа е многу тешко во земја во која не владее правото, затоа странскиот капитал ја заобиколува Македонија, особено што не е членка на ЕУ и не може да ги користи погодностите од тоа членство, затоа има соседи кои го уживаат тоа.

Конечно треба да се подготви теренот, ако сакаме високостручната работна сила која избега во странскто да ни се врати. Отсуството на таа сила веќе неколку години болно ја чувствуваме поради отсуство на мајстори, на инженери, општи работници, а најмногу на лекари, што го  потврдува бројот на починати лица и од најбаналните болести.