
Дилемите се веќе познати - Светислав Басара е добитник на 67-та НИН-овата награда, најпрестижното литературно признание во Србија, кое што се доделува секоја година. Басара наградата ја добива за романот „Контраендорфин“.
„Овој роман е составен од ‘невозможни сцени’, ‘недозволиви’ заклучоци, парадоксални тврдења, кои трагаат и ги тресат темелите не само на нашето општество и култура, историја и политика, туку и на целиот современ свет. Воведувајќи го симболот на контра-ендорфин, како клучна биолошка карактеристика на јужнословенските народи, Басара го сместува тој свет во јазична вртелешка, која ги вади сите од зоната на удобност во вртоглава потера и ги става пред сите - гледајќи огледало“ - стои во образложението на жирито.
Басара сега е двократен добитник на НИН-овата награда. Тој претходно ја доби наградата за романот „Подемот и падот на Паркинсоновата болест“ (2006), а за оваа награда беше во потесниот избор и со романот „Мајн Кампф“ (2012).
Светислав Басара, роден во Бајина Башта во 1953 година, е автор на повеќе од 40 книги со раскази, романи, драми и есеи, и е добитник на многу домашни и меѓународни награди. Неговиот роман „Фама о бициклистима“ (1987) критичарите и многу читатели го сметаат за еден од клучните во српската литература од крајот на 20 век и тие веруваат дека таа година неправедно останал без НИН-овата наградата. Неговите книги се преведени на повеќе јазици.
Басара исто така беше амбасадор на Србија на Кипар (2001-2005), а познат е и како колумнист.
НИН-овата награда за прв пат му беше доделена на Добрица Ќoсиќ во 1954 година за романот „Корени“, а лауреат минатата година беше Саша Илиќ, авторот на романот „Пас и контрабас“. Злобните јазици велат дека таа книга се нема продадено во повеќе од илјада примероци!
Факти за НИН-овата награда
Традиција долга 66 години
НИН-овата наградата за првпат беше доделена во 1954 година, а му беше доделена на Добрица Ќосиќ за романот „Корени“.
Кои се победниците
Оскар Давичо е троен лауреат, а наградата двапати им беше доделена на Добрица Ќосиќ, Живојин Павловиќ и Драган Великиќ.
Давичо е единствениот што ја доби наградата и двапати по ред. Денес, неговите дела се сметаат за најобични памфлети на КПЈ, кои тогаш никој не ги читал, а денес на нив ретко кој и да се сеќава.
Добитничките на наградата
Досега наградата на жени им е доделена само пет пати, и тоа на: Дубравка Угрешиќ, Светлана Велмар - Јанковиќ, Гроздана Олујиќ, Гордана Ќирјаниќ и Ивана Димиќ.

1959 година наградата беше на пауза
Наградата не беше доделена само во 1959 година, кога беше направен преседан за стимулирање на квалитетот.
Кој ја врати наградата
НИН-овата награда ја вратија Данило Киш, која му беше доделена во 1972 година за романот „Пешчаник“ и Милисав Савиќ, кој го доби признанието во 1991 година за „Хлеб и страх“.
Кој одлучува за наградата
За НИН-овата награда одлучува жирито, со мнозинство гласови од своите членови.