Двете убедливо најпрометни воздушни линии во и меѓу земјите од поранешна Југославија се релациите на авиокомпаниите меѓу Црна Гора и Србија, односно врските меѓу Подгорица и Белград и Тиват и Белград.

Ова го покажуваат податоците собрани од аналитичарите на порталот „ExYU aviation“, според кои во првата половина од годинава најфреквентна линија меѓу некои делови од поранешната заедничка држава била релација Белград - Подгорица, на која во првите шест месеци од 2024 година е забележан вкупен сообраќај од 148.354 патници. Тоа е за 3,9 отсто повеќе споредено со истот период лани, односно за 4,9 отсто повеќе во однос на сообраќајот на таа рута во претпандемиската 2019 година.
Втора најфреквентна релација на просторот на поранешна СФРЈ во првата половина од годинава била Белград - Тиват, на која летале вкупно 116.942 патници. Иако ова е за 3,3 отсто помалку од првата половина на 2023 година, сообраќајот на релацијата Белград-Тиват годинава порасна за дури 29,9 отсто во однос на предпандемијата, 2019 година. Вкупно, на летовите меѓу главниот град на Србија и два аеродроми во Црна Гора во првите шест месеци од оваа година имало 265.296 патници, што покажува колку е голема побарувачката и колку е важен овој пазар за превозниците кои работат со авиосообраќај меѓу Црна Гора и Србија.
Трета на листата на најфреквентни авиокомпании на територијата на поранешна Југославија е релацијата, Загреб-Дубровник. На оваа дестинација е забележан сообраќај од 103.049 патници во првата половина на 2024 година, што е далеку зад резултатите кои ги остваруваат авио-конекциите меѓу двата црногорски аеродроми и аеродромот во Белград. На релација меѓу Тиват, односно Подгорица и Белград летаат само авиони на двете национални авиокомпании на Црна Гора и Србија - „Ер Монтенегро“ и „Ер Србија“. Овие две компании одлично го користат овој дуопол за да акумулираат голем профит со одржување на релативно високи цени на билетите на овие линии благодарение на значителниот интерес и потребите на патниците.
Оваа сезона линијата до Тиват со 58 неделни полетувања е најфреквентната линија која воопшто лета од аеродромот „Никола Тесла“ во Белград. Од нив „Ер Србија“ има 38, а „Ер Монтенегро“ 20 полетувања. Линијата Белград-Подгорица со 35 неделни воздушни врски е четврта по фркфентноста која летово сообраќа од аеродромот во Белград, при што „Ер Србија“ има 21, а „Ер Монтенегро“ 14 неделни полетувања, пренесува Вијести.