Оваа Детска ИТ aкадемија Еверест e уникатна образовна програма чија главна цел е да помогне децата да осознаат голем број различни професии на интересен и мотивирачки начин, со истовремено усовршување на компјутерските вештини и стекнување лични вештини.

Станува збор за тематски, проектно базирани, активности во кои децата добиваат улоги од определена професија, но и предизвици од реалниот живот (прилагодени на нивната возраст) кои треба да ги решат. 

Решавајќи реални проблеми, освен што ќе стекнат компјутерски вештини, децата ќе се запознаат со различни професии, подобрувајќи ја самодовербата, способноста за критичко размислување и многу други лични вештини. За сето време, учениците се поттикнуваат да истражуваат, бараат, откриваат, да го развиваат своето размислување и расудување и стекнатото знаење да го користат за нивното добро и за општеството во целина.

„Академијата е фокусирана на децата, посебно на децата без родители. Во духот на мудроста на Конфучие – „на гладниот не мудавај риба, научи го да лови“ – на децата без родители во соработка со Министерство за труд, демографија и млади и детскиот дом „11 Октомври“ од Скопје обезбедуваме компјутери, обуки и ментори“, објаснува Александар Марјановиќ, извршен директор на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ и истовремено, управител на Марјановиќ Едукација.

Стекнувањето лидерски вештини и способности им овозможуваат на децата да ја зголемат својата самодоверба, креативно да ги решаваат проблемите, да работат во тим соработувајќи со другите, но и да се изградат како добри, почитувани и одговорни личности. 

Во текот на учебната година се реализираат до 8 проекти, со вкупен фонд од 64 школски часа.

Наставата се изведува со физичко присуство, во компјутерска лабораторија во центарот на Скопје (во зградата на работничкиот универзитет Кочо Рацин), со динамика еднаш неделно по два школски часа.

По завршувањето на бесплатната обука, учениците имаат можност да го продолжат следењето настава со потпишување договор за школување.

Целта што фондацијата сака да ја оствари со оваа иницијатива е на децата без родители да им овозможи бесплатно следење на настава и во духот на мудроста на Конфучие – „на гладниот не му давај риба, научи го да лови“ – да им помага во подготовката за самостојно живеење со стекнување знаења и вештини. Ова се реализира така што родителите, школувајќи ги своите деца, без дополнителни финансиски оптоварувања ги помагаат истовремено и децата без родители. Оваа активност се спроведува во соработка со Министерство за труд, демографија и млади и детскиот дом „11 Октомври“ од Скопје.

Со оглед на тоа што бројот на местата се ограничени, овозможувањето бесплатно следење настава во траење од еден месец функционира според принципот „Прв пријавен, прв услужен“. Пријавувањето се врши така што родителот пополнува онлајн пријава поставена на www.everest.mk

Што работи Фондацијата Ѓорѓе Марјановиќ за младите? 

Во рамки на Фондацијата функционира Академија на млади лидери. Крајната цел на оваа програма е да им помогне на младите да станат идни лидери во област која самите ќе ја одберат. По завршувањето на оваа програма кандидатите ќе развијат способност за јавен говор, ќе стекнат вештина за дебатирање и способност за критичко размислување, ќе се изградат во подобри личности преку усвојување универзално прифатени морални вредности,
ќе усвојат и практикуваат култура на учтиво однесување. и комуницирање. 

Академијата е наменета исклучиво за ученици од основно образование, со тоа што дел од програмата ќе се спроведува кога запишаните учениците ќе станат средношколци.

Вкупното времетраење на програмата не е однапред определено но не може да биде пократко од 4 години. Секој од модулите е со времетраење од една година, при што еден учесник паралелно не може да следи повеќе од два модула. Еден од овие два модула секогаш е јавен говор односно учество на натпреварот во раскажување.