Биоплант-првиот македонски сок со Superior Taste Award. Оваа светска награда за супериорен вкус  во 2021 година ја доделува Меѓународниот институтит за вкус  (International Taste Institute) од Брисел.

Биоплант-првиот македонски сок со Superior Taste Award

International Taste Institute почнувајќи од 2005 година, па до денес, има евалуирано повеќе од 15.000 хранливи производи и пијалоци од целиот свет.  Производи кои ги задоволуваат исклучително строгите критериуми на жирито, составено од најдобрите светски готвачи и сомелиери може да ја добијат престижната награда за супериорен вкус (Superior Taste Award).

Неодамна, жирито составено од повеќе од 200 професионалци, од 20 земји, членови на најеминентните светски здруженија на готвачи и сомелиери, го награди македонскиот БИОПЛАНТ цеден органски сок од гоџи, вишна и јаболко со престижната награда за супериорен вкус.

Ова е воедно и првиот македонски сок што добил ваква престижна меѓународна награда. Тоа е доказ дека и кај нас има производители кои прават премиум производи. Квалитет, што може да се носи рамо до рамо со големите и моќни странски производители на сокови.

Инаку „Биоплант“ стартуваше како единствен сертифициран расадник за органско гоџи во Македонија и единствен откупувач на Балканот.

Сега Анима дооел Скопје чија подружница е „Биоплант“, и која е производител на наградените сокови БИОПЛАНТ, е една од најголемите откупувачи на органско овошје во Македонија. Од тоа ги произведува највкусните 100 процентни органски цедени сокови, без додаток на шеќер, вода и конзерванс.

БИОПЛАНТ соковите претежно се извезуваат, но може да се најдат и во одредени маркети, специјализирани продавници или online и на домашниот пазар.

„Другите прават сокови, ние цедиме овошје. Не користиме каша, додатоци, конзерванси, туку го цедиме овошјето. Создадовме бренд- цедени сокови Биоплант“.  Вака неодамна го опиша производството на Биоплант соковите во разговорот за Анторис магазин, сопственикот на Анима дооел СкопјеВанчо Зрнцев.  Престижната награда за вкус на овој сок ја потврди оваа изјава.

Бодување преку слепа сензорна анализа  


Општо е познато дека ВКУС е атрибут број еден што го цени мнозинството потрошувачи при купување храна и пијалоци. Токму по тоа се води и International Taste Institute од Брисел.

Институтот тестира огромна палета на производи -храна и пијалоци за широка потрошувачка. Притоа дава и предлози за подобрување на производот.

„Кои се јаките страни и слабите точки на вашиот производ? Како би можеле да го подобрите органскиот квалитет на вашите производи? Кои нови вкусови да ги додадете во опсегот?“- Нашите изборни извештаи можат да помогнат во водењето на иновациите на вашиот производ и развојот на рецептите,“ стои во обаснувањето на  Институтот.

 Преку објективен и независен процес на дегустација, односно преку слепа сензорна анализа, Институтот спроведува објективна проценка.  Жирито не е запознаено со имињата на брендовите на производите, имињата на производителите и потеклото на производите. Тестерите добиваат само краток опис на категоријата.

Секој производ се оценува за неговиот органски квалитет следејќи го систематскиот пристап. А, тој е заснован на пет меѓународни критериуми: прв впечаток, вид, мирис, вкус, текстура за храна или за пијалоци.

Секој член на жирито самостојно го проценува и бодува производот, во тишина и без комуникација со другите членови на жирито.

Производите се подготвуваат и сервираат според прецизен протокол, строго почитувајќи ги упатствата за подготовка и сервирање на производителот.

Институтот за вкус го задржува правото да ги тестира физичките и хемиските компоненти на примероците со акредитирани лаборатории. Се разбира доколку сака да се осигура дека проверените производи одговараат на квалитетот на производите достапни на потрошувачот.

М. Балдазарска