Битола е градот домаќин и организаторот на овој традиционалниот фестивал, над половина век, а „Илинденски денови“ е печатот на нашиот идентитет, место каде го споделуваме своето и го уважуваме туѓото во духот на Гоцевата мисла.
Отворена сцена на „Илинденски денови“ во Битола ја прокламира племенитата мисија на илјадници народни уметници да се преслика автентичната вредност на културното наследство на идните генерации.
До 31 јули, градот ќе наликува на една голема сцена, со 65 настани на различни локации. На фестивалот „Илинденски денови“ ќе настапат фолклорни ансамбли од Хрватска, Ирска, Италија, Мексико, Чиле, Грузија, Бугарија, Србија и од речиси сите градови од Македонија.
Фестивалот „Илинденски денови“, кој е дел од програмата на Битолското културно лето Битфест, 15-то по ред и годинава ја отсликува заложбата на локалната самоуправа, да даде поддршка на вистинските културно уметнички вредности.
Над 1.200 гости од Ирска, Италија, Мексико, Чиле, Грузија, Хрватска, Србија, Бугарија и Македонија настапуваат на многу локации низ градот, претворајќи ја Битола во отворена сцена овие неколку денови. Ова е фестивал кој трае вкупно 13 денови и има испланирано повеќе од 60 настани, како културно ехо на манифестот од 1903 - а, годинава се одржува под мотото “Отворен круг”.
Педесет и третото издание на фестивалот „Илинденски денови“ традиционално започна со дефиле на играорните групи низ Штрок Сокак и изведба на „Комитското“ на КУД Илинден од Битола на плоштадот „Магнолија“.
Големото дефиле на „Илинденски денови“ ја прокламира племенитата мисија на илјадници народни уметници да се преслика автентичната вредност на културното наследство на идните генерации. За градот домаќин и организаторот овој фестивал над половина век е печатот на нашиот идентитет. Место каде го споделуваме своето и го уважуваме туѓото во духот на Гоцевата мисла.
„Илинденски денови” отсекогаш бил отворен круг за уметници, љубители на традицијата, нови кадри. Луѓето што го востановиле овој фестивал секогаш гледале подалеку, иако некои мислат дека гледале кон минатото, но минатото е секогаш учител за нашата иднина. Цели 53 години фестивалот настојува да ја продолжи традицијата живо да егзистира меѓу народот. Фестивалот во последните години целосно се отвори кон светот, благодарејќи на добивањето на сертификат на интернационален CIOFF фестивал и со тоа влезе во семејството на CIOFF (International Counsil of Organizations of Folklore Festivals and Folklore Arts) официјален партнер на УНЕСКО, формиран во 1970 година, кој работи за заштита, промоција и ширење на традиционалната култура на глобално ниво.

„Илинденски денови” е амбасадор на македонската култура во светот.
Фестивал што започна скромно како републички фестивал на народни песни и игри пред повеќе од половина век, а прерасна во интернационален и е единствен фестивал од Македонија што е во елитата на фолклорни фестивали во светот.
„Овој фестивал буди носталгија, убави спомени и ги инспирира младите генерации да продолжат да творат и да се интересираат за фолклорот” истакна директорката на Центарот за култура Битола, Маја Андоновска-Илијевски кои се организатори на овој голем фестивал кој се реализира со поддршка на Министерството за култура и Општина Битола, а под покровителство на Собранието.