Откако фатија големите светски кризи – пандемијата „ковид 19“, руската агресија врз Украина, изралскиот геноцид во Газа, поради што се пореметија светските текови на трговијата, единствена мисла на огромен број од светското население му е како да преживее и прашањето дали се’ ќе се врати на своето место од пред кризите. Ништо веќе нема да биде исто, а македонскиот животен стандард е погоден како и во сите земји со слични пазарни карактеристики, односно со голема отвореност кон увозот. Дури, таа грижа се граничи со сомнеж во искреноста на изјавите за патриотизам на наште раководни политкички странки од осамостојувањето до ден- денес. Кај се нашите родни полиња, кој ги запусте и зошто не се работат, или ако се работат – дали се работат со целосен капацитет? Во сите анкети (гласот на народот), огромен број од граѓаните велат дека НЕ МОЖАТ ДА ПРЕЖИВЕАТ, но никој не го поставува главното прашање: „Зошто“?
Затоа што земјоделското производство во Македонија е речиси уништено, учествува со само 11% во бруто домашниот производ (Државен завод за статистика).
Во 2019 година сме имале 519 848 ха обработлива површина. Од податоците за сопственоста: само околу 42% од земјиштето е во државна сопственост. Значи, од тие помалку од 600 000 хектари, 252 000 хектари се во државна сопственост дадени под наем (концесија) на 1 до 5 години или 10, 20 и 30 години!!?
Експертот по земјоделство д-р Горица Котевска, за нашиот медиум, го поставува прашањето: дали врз реализацијата на договорот за наем (концесија) има некаква контрола и суперконтрола од страна на државата, односно дали концесионерот го почитува договорот и сади тоа што е наведено во него, или сади што ќе му текне, дали сади доволно и дали сади според потребите на македонските граѓани???
Дали инспекторатите имаа доволно стучен кадар да ја вршат таа работа, односно дали разликуваат пченица од јачмен!? Дали знаат кои технологии на производство треба да се применуваат, колкав треба да биде реалниот приход и како се зголемува според условите на земјиштето и на климата, каде има недостаток за повисок принос по единица површина?
Структурата на производството
Исто така е важно да се знае структурата на производството врз основа на потребите на аграрната политика во Македонија (потребите на прехранбената индустрија, главна алка во синџирот за опстанокот и нахранетоста на населението во земјата).
Дали воопшто концесионерите знаат и размилуваат за плодоредот на површините, со цел задржување на балансот на хранливите материи во почвата. Дали тоа го знаат инспекциските служби и ако го знаат - дали реагираат или од далеку само ќе фрлат око и си заминуваат односно замижуваат? Дали воопшто бараат од концесионерите елаборати за оправданоста на сеидбата на било која култура?
Зошто се преполови производството во ЗИК „Пелагонија“, зошто бројот на вратобените од 1300 се намали на околу 200 работници, зошто во тој комибнат не се формира испитувачко јадро, институт, како што е тоа во соседните земји, каде се комбинатите „Ерџелија“ – Свети Николе, „Прилепскиот комбинат“, „Лозар“ – Велес и други, зошто државата не реагира на постапката на новите сопственици или концесионери? Па, тие површини се отуѓени божем за со нив да се менаџира поуспешно од порано.
Но, најкатастрофално од сетo ова е распродажбата на земјоделското земјиште и пренамената во градежно! Наместо да се окрупнува, тоа се ситни и се намалува, па во најплодните ниви никнаа згради грдосии, а во последно време фотоволтаици.
Сето тоа ја урива намерата и идејата за комасација окрупнување на ситното земјодлество, односно на земјоделската површина за поевтино да се работи и полесно да зе преземат земјоделски зафати. Во развиените земји комасација е направена пред повеќе од 100 до 150 години (Шведска) !?
Статешки, домаќински и патриотски интерес е земјиштето да не се продава на странски државјани, вели Котевска.
Се разбира дека државата не може да биде земјоделска задруга, затоа го дава државното земјиште под наем (концесија). За тоа да се контролира треба да се има вистински стручни контролори што ќе одат во нивите со гумени чизми и добро ќе загазат во калта, а не со мокасинки и прејадени од ручекот со кој ќе бидат „почестени“ од страна на концесионерот. Таа контрола треба да биде постојана, можеби секојдневна. Но, изгледа никому не му се оди на нива, потопло е в канцеларија или на ул. Македонија! Каков патриотизам: за Македонија – на улица „Македонија“.
Неодамна министерот за државна администрација искрено призна дека ефикасноста на државната администрација е 30-40%, што значи дека 60-70% не работат ништо, „џабе“ земаат плата, им ги јадат парите на даночните обврзници без обѕир и арогантно. Во држава чие даночно „поле“ е многу неиздашно, што се гледа во проекцијата на буџетскиот дефицит за 2025 година од 4% од БДП, државата може да му помогне на земјоделстовото со тоа што ќе му ги позјами „џаболебарите“ да работат на нивите - и така земаат државна плата. Апсурден е фактот - во една држава, во која хараната е многу скапа, огромен дел од населението да не работи ништо, а да зема висока плата, а земјоделскиот прозивод да се намалува, а тоа што ќе се понуди за откуп никој да не го купува и да се фрла!!! Од друга страна тие што не работат го користат државниот имот божем се „народни херои“: службени возила, патни трошоци, евтина храна, службени патувања без цел и без резултати. Дали тоа би го дозолила Кина, да речеме?
Според некои изстражувања, бројот на лица што живеат во екстремна сиромаштија изнесува околу 100 илјади, а бројот на лица во умерена сиромаштија околу 600 илјади.
Колкав процент од населението треба да влезе во категоријата „гладни“ за да прогласиме критичен биолошки момент за опстанокот на граѓаните на Македонија, односно до кога да чекаме проблемите само да се решат и цените да паднат. Тоа нема да се случи!
До кога ќе се фалиме со нашата узовозна отвореност како економски концепт, кој ни носи само увозна инфалција. До кога ќе го игнорираме трговскиот дефицит, што значи намален интерес за нашата валута на пазарот на пари, што може да доведе до разнишување на монетарната, а со тоа уште поголема ценовна нестабилност?