На далеку прочуениот „Арсенал Фест“ број 11 годинава ќе се одржи на 24, 25 и 26 јуни во Крагуевац. Особено е важно дека таму настапува голема, легендарна рок-група, „Рибља чорба“.

Всушност, „Чорба“ се враќа со настапи на 26 јуни во Крагуевац, по исклучително тешката година во која го загубија бас-гитаристот Мишо Алексиќ (1953-2020), кој почина од последиците на Ковид-19.

– Арсенал е прва свирка на Чорба без нашиот брат Миша. Последен пат свиревме со Миша на 29. февруари 2020 година во Крањ. Ќе ни биде незамисливо тешко без него на бас, но знаеме дека нè гледа од горе и не тера да продолжиме. На бас-гитара со нас ќе биде наш техничар (басистот на Орвел 69), Иван Станковиќ Ивке, кој веќе го замени Миша на еден концерт во Крушевац.

Навистина, не сме свиреле долго време и сите сме многу возбудени заради настапот на Арсенал. При самата помисла на концерт, умирам од страв. Но, ќе вежбаме и ќе бидеме одлични, затоа што тоа им го должиме на нашите верни фанови и на и Миша – изјави Бора Ѓорѓевиќ.

Според Бора, „Рибља чорба“ има намера да одржи Концерт во спомен на големиот Миша Алексиќ во Белград, во прекрасен простор, со многу гости, затоа што многу колеги го сакаа Миша, каде што ќе бидат изведени песните на Миша, а сиот приход ќе оди за неговата сопруга и ќерка Јасмина и Мина Алексиќ.

Анторис веќе пишуваше, „Чорба“ подготвува нов албум, на кој ќе се најде и една песна која ја има компонирано Миша Алексиќ.