Во лицата на победниците се гледа огромна радост. Само мал дел од тие лица имаат поим од организација на државата, од раководење од надворешната политика, со финансиите, со соседите, со големите сили, со големите сојузи во кои сакаме да бидеме примени. Радоста доаѓа од клиентелизмот, односно од надежта дека сега сите што се блиски до победниците ќе добијат нешто од колачот, а тоа е некакво згрижување, унапредување, привилегии. Затоа администрацијата е преполнета од бившите клиентелисти, а сега таа ќе се зголеми со бројот на новата клиентела, која ќе бара наплата на своето викање на паролите, креирани од штабовите на водачите. Ако, не се зголеми, тогаш ќе има замена на сегашните со старите, па така ќе настапи општа траума, како што настапуваше по воведувањето на „клатно-системот“ - еден дојди, други турни, што го инсталира Љубчо Георгиевски кога дојде на власт 1998 година, од што Македонија хронично страда во цел овој период.
Значи, во Македонија борбата за власт е всушност борба за државниот буџет и за сите можности што ги пружа неговото користење за да се задоволат апетитите на, по можност, сите што бараат по нешто.
Критиките дека претходната власт не знаела да го менаџира тој буџет, веданш ќе се заборават, па за дилетантските грешки на новата власт ќе се кажуваат нови оправдувања и неиздржани резони, а тој ќе се билда на приходната страна, а дефицитот ќе се зголемува. Македонија, по осамостојувањето го надува буџетот од 1,5 милијарди евра, на сегашни 5 милијарди и стана земја во која најголем и најсугурен вработувач е државата, без залет на витински домашн инвестиции, без економски напредок, со минимална стапка на раст од која животниот стандард никао да се поткачи во последнива 33 години, напротив тој само се намалува, се влошува, а луѓето бегаат што подалеку од својата татковина. Податоците дека просечната и минималната плата пораснале за толку и толку проценти можеме слободно да речеме дека се лажни, бидејќи не се однесуваат на сите, туку просекот се вади од платитие на администрацијата, и од платите на високите функционери, кои, за да ја уверат јавноста во високиот процен на пораст, си ги зголемија своите за 78% проценти и потоа ништо не презедоа за да ги намалат, да ги доведат во некоја прифатлива рамка во очите на обичниот сиромашен граѓанин, кој од тоа покачување беше крајно разочаран и изневерен.
Додуша, сега веќе бившата власт, од самото доаѓање имаше 3 големи „пеха“: епидемијата на Ковид 19, војната во Украина и, последно, војната во Газа, екстерни фактори што го отежнаа снабдувањето со стоки, потоа ја вивнаа цената на енрегенсите, ја зголемија инфлацијата што граѓаните ја доживеаја како напад на некој страшен рој инсекти од кои чвек не може да се одбрани и да се истресе. Власта, овие фактори во текот на кампањата воопшто не ги спомна како дел од својата економска политика, иако факт е дека од буџетот интервенираше со голем број мерки за амортизирање на тие шокови, што го правеа речиси сите земји во светот. Дали се работи на лош ПИ-АР или за глупава заборавеност. Но, таа власт не го зголеми производството на храна, праските, сливите, зеленчукот се преполовија... Порано, пред 50тина години, во Македонија храната беше многу поевтина и подостапна, а сега мобилните телефони се поевтини од основните прехранбени производи (ако не верувате пресметатјте ја дневната цена на храната и употребата на мобилните)!
Дефицитот во буџетот во 2024 година од страна на фискалната власт е проектиран на 3,4% од БДП.
Проектираниот економски раст за 2024 година „треба“ да изнесува 3,4% и инфлација на ниво од 3,6%, но стапката на раст сигурно ќе биде коригирана надолу, затоа што, според есенските проекции на ММФ, се очекува забавување на растот на глобалната економија од 3,5% во 2022 година на 3% годинава и 2,9% во 2024 година, со посилни негативни ефекти кај развиените во однос на економиите во развој. Економската активност во ЕУ во 2024 година е проектирана на само 1,5%, со тоа што кај нашиот најголем трговски партнер, СР Германија, се очекува раст од 0,9% во 2024 година, по проектираниот пад од 0,5% во 2023 година.
Очекувањата за инфлацијата се дека таа ќе продолжи да се намалува и понатаму, но кај европските земји не се очекува постигнување на целната инфлација од 2% пред 2025 година.
Така радоста дека буџетот е освоен може да биде смеа низ солзи. Сите клиенти треба да се задоволат, да се алиментираат, а даночната основа не е издашна. Ако се зголемат даноците, се губи тоа што е стекнато на основа на патриотизмот.
Ништо нема да се реши во корист на граѓаните кои, очекувајќи подобри времиња, 33 години трчаат по некакви митинзи и вежбаат извици на нови палоли, креирани или извадени од некои бивши револуции. Прашањето е дали Македонија има зрелост за спроведување вистински економски мерки, структурни реформи, намалување на минимум на можноста за вработување во администрацијата, да ги сотре канцелариските глувци, да ја зајакне помошта на малите претпријатија и на карај, но и најважно, енормно зголемување на инвестициите во науката, создавање македонски брендови што ќе донесат девизен прилив и ослободување на вештачкиот курс на денарот.
Се разбира дека треба цврсто да се чекори по европскиот пат и рационално да се искорсти секоја претпристапна помош, а не да се краде, како што го забележа тоа Европската комисија во своите извештаи.