Brainster“ е компанија која постои од 2015-та година. Досега има обучено над 10 000 луѓе во областите Data Science, Software Testing, дигитален маркетинг. Од оваа година, компанијата воведува и нови програми поради побарувачката на индустријата. Тоа се програмите за Business Intelligence и Project and Product Management.

Како што вели основачот на иновативната платформа за едукација, Петар Ниновски, целта на организацијата е едноставна. Да се обучат луѓето со потребните вештини кои се барани на пазарот на труд. За потоа, истите да можат по завршувањето да им се помогне во процесот на вработување, а од друга страна, да им се помогне и на компаниите.

„Во моментот сме проширени во четири држави, Македонија, Словенија, Хрватска и Австрија. Имаме вкупно 45 вработени. Еден од индикаторите на кои сум горд, е тоа што над 60% од оние кои се постојано вработени, биле претходно или во моментот се студенти на академиите. Тоа е доказ дека ние како организација имаме одличен продукт. Имаме 76 инструктори, од кои поголемиот дел се Македонци, дел се интернационалци кои несебично го пренесуваат своето знаење. Секои од тренинг центрите имаат уникатни работи кои ги поседуваат“, рече Ниновски, обраќајќи се на настанот „Иднина на работата – кои се перспективите за иднината на работните места?“

Програмата Studio Best Learning е методологија која се користи за учење и предавање од 2015-га година. Во слободен превод, тоа е програма која се однесува на работа на реални проекти. Студентите за време на учењето, работат на реални проекти за компании и се симулира реална работа. Освен со теортески вештини и знаење, се стекнуваат и со практично знаење кои им помага во процесот на вработување. Со тоа се овозможува голем број на луѓе да работат за комнпаниите кои пак добиваат креативни решенија.

„Од 2016-та  година има тим за вработување, кој работи со студентите и ги поврзува талентираните студенти со компаниите. Тимот на student success е најголем тим во организацијата и брои 14 луѓе. Тој расте во зависност од бројот на студенти. Овие луѓе опсесивно се грижат за задоволството на самите студенти, контролираат неколку важни индикатори како задоволството и вработиливоста. Има и проектен тим на дизајнери, програмери, маркатери и Data Scientist, кои позадински рабтат на развивање на технологија и продукти кои ние ги користиме со цел да ни олеснат во процесот на учење. И да направиме продукт кој подоцнја ќе можеме да го шириме и интернационално. Постојано го мериме фидбекот на студентите кон инструкторите. Ова е првиот индикатор кој го мериме – оценката на студентите е 4.8 од можни 5“, вели Ниновски.  

Ефектот на „Brainster “ 

Од почетокот на 2021-ва година, „Brainster“ до сега има вработено над 200 студенти во македонски интернационални компании. Оваа година ја заокружуваат со 116 компании партнери со кои постојано работат во делот на вработување и работа на реални проекти. Во текот на годинава, изработиле 40 проекти за компании и невладини организации.

Проширување надвор од границите на Македонија

Првите истражувања за ширење надвор датираат од 2017-та година. Според Ниновски, најважен ресурс на сите комшпании се вештините кои луѓето ги поседуваат. Паралелно, колку компаниите можат лесно да стигнат до талентите и да ги задржат.

„Тоа е таа нова ера во кои живееме и таа е улогата на тренинг центрите како нас. Компаниите во изминатите две години стануваат многу повеќе отворени за соработка со центри за неформално образование. Постојано покажуваме дека произведуваме кадри  кои се квалитетни. Има некои компании моментално, кои ако проверите на нашите социјлани медиуми, имаат ексклузивно партнерство со нас и вработуваат само од кај нас. Говориме за бројка од 15 луѓе годишно. Годинава, направивме иницијатива за интернационални компании, за кои во моментов околу 25 насто од студентите кај нас се вработуваат кај нив. Се обидуваме да направиме максимални напори за интернационалните компании да почнат да вработуваат преку нас“, вели Ниновски.