„Бреинстер“ е компанија која организира и спроведува едукациски програми во полето на: програмирање, софтверско тестирање, дигитален маркетинг, графички дизајн, data science и UX/UI дизајн. Специјалноста на компанијата е во кариерните трансформации на студентите во некои од најбараните и најплатените ИТ професии, преку организирање на академии и преку поврзување на талентите кои покажале значителен успех со компании за вработување.

Изборот на образование и кариера се одлуки кои имаат големо влијание на квалитетот на животот на луѓето. Со таа цел, тимот на „Brainster“ креира моќна алатка која ќе им помогне на сите во донесувањето на оваа важна одлука и да ги насочи кон вистинската кариера. Алатката за кариерното насочување ќе ви помогне да откриете: кој од 16-те типови на личност сте, која професија најмногу ви одговара според типот на личност и да ги пронајдете најдобрите дигитални вештини за себе.

„Уште од почетоците, една од нашите цели на организацијата е да обезбеди високо квалитетно образование за професиите од 21 век. Денес, после седум години постоење низ нашите академии и курсеви имаат поминато над 11 000 луѓе од четири различни држави. Сето ова е заслуга на нашиот тим од 50 посветени вработени, над 100 инструктори, експерти од реалниот сектор и повеќе од 100 домашни и меѓународни компании кои нудат пракса, реални проекти и вработување на нашите студенти. Во 2020 година станавме лидери во Македонија. Сега имаме уште поголема одговорност да продолжиме да работиме со засилено темпо со цел да понудиме нови можности за нашите студенти, нашите партнери и заедницата. Освен нашите добро познати академии, отсега го нудиме и „Бреинстер Некст Колеџ“ првиот целосно применет ИТ факултет во земјава, вели основачот на Бреинстер, Петар Ниновски.

Во 2021 година, пак, компанијата „Бреинстер“ е избрана за најдобра компанија на www.99schools.mk во делот на формалните и неформалните центри за едукација.

За тековниот месец, најпопуларна академија, како што информираат од компанијата е Академијата за човечки ресурси, каде е пријавен рекорден број на заинтересирани студенти. 

Во последните неколку години, побарувачката на HR професионалци бележи зголемен раст на глобално ниво. Со развојот на технологијата, но и промените во светот, се откри важноста на човечките ресурси кои се еден од најзначајните сектори во секоја компанија.

Во делот на ко-иновирање, компаниите и организациите имаат можност да аплицираат со идеја и да добијат тимови на нивни талентирани студенти, кои со поддршка од искусни ментори, ќе ја преточат таа идеја во иновативно решение подготвено за користење.

Во делот за вработување, пак, компаниите имаат можност да пристапат кон нивната огромна база на талентирани студенти од различни области или пак директно да нè контактираат, со цел да добијат персонализиран избор на студенти во согласност со потребите на компанијата.

Во 2021 година, пак, компанијата „Бреинстер“ е избрана за најдобра компанија на www.99schools.mk во делот на формалните и неформалните центри за едукација.

Следните чекори на „Бреинстер“

Визијата на компанијата е до 2030 година да стане признаена во светски рамки, а преку академиите, факултетот и другите услуги ќе им помага на 10 000 луѓе годишно да се едуцираат и да дојдат до кариерата што ја посакуваат.

„Свесен сум дека ова е амбициозна цел, но уверен сум дека истата ја споделуваат и многу други. Нашите вработени, професори, инструктори и студенти се извонредно талентирани и посветени, а со тоа „Бреинстер“ има ретка можност да одговори на барањата на општеството и индустријата, вели Ниновски.