Јана Савиќ - Растовац е извршен креативен директор во агенцијата „McCann“ – Белград. Нејзиното мото е дека страста поместува планини. Нејзината кариера ја започнува пред 20 години како копирајтер во рекламирањето, создавајќи кампањи за многу познати брендови како Coca-Cola, Carlsberg, Mastercard, Bambi... За кампањите на кои работела заедно со тимот на „McCann“ – Белград го има освоено првиот „Кански лав“ за Србија. 

Српската компанија која е една од најголемите во Србија, работи на неколку пазари во регионот и на северот на Европа, сервисирајќи глобални брендови. 
„Длабоко верувам во храброста дека еден „лудак“ во организацијата може да направи разлика“, рече Савиќ - Растовац во воведното излагање на настанот „Skopje Marketing Summit 2022“.

Истражувањата во светски рамки на агенцијата во која работи, покажуват дека 77 насто од луѓето во светот, веруваат дека брендовите имаат некаква моќ да креирааат промени во општеството, поголеми од владите во нивните држави. Од друга страна, пак, 72 насто од потенцијалните купувачи, поддржуваат проактивна улога на брендовите во општеството. Но, 41 насто не би им било важно ако брендовите исчезнат утре. Според Савиќ - Растовац, тоа е еден вид на ноншалантност. 

„Оние брендови кои немаат нешто во што веруваат, постои ризик дека на луѓето нема да им биде битно ако исчезнат.  Ние веруваме во смислени улоги во создавање на животите на луѓето. Брендовите не само што продаваат, мораат да имаат и смислена улога во животите на луѓето. Само така се создава врска и лојалност меѓу луѓето и брендовите. Она што ни помага во поврзувањето на брендовите со своите теми од пошироко општествено значење, се целите на одржлив општествен развој. Кои Обединетите насции ги поставиме како приоритетни“, смета Савиќ - Растовац.  

Брендовите на просторот на поранешна Југославија, како што вели, одат на сигурна варијанта. 

„Така за мене е симпатично и смешно. Сепак, постојат многу теми кои се наоѓаат пред брендовите и за кои тие можат да се занимаваат. На пример, искоренување на сиромаштијата и гладните луѓе, здравствени теми, теми за едукации, еднаков пристап на вода, чиста енергија... Секогаш кога разговараме со клиентите им велам да ги разгледаат сите можности и да најдат своја тема. Секогаш кога брендот ќе избере тема која навистина е релевантна за него, се случуваат добри работи“, оценува Савиќ - Растовац. 

Според неа, еден проблем кој е тесно поврзан со одржливиот развој е одржливоста на системите за донации. Како што вели, во Србија постои граѓанскаа свест за помагање едни на други. Но, системот на донации го оценува како  хаотичен и неорганизиран, често пати во зависност од расположението на луѓето. 

„Секој бренд мора да се пронајде своја тема на делување. Она што е филозофијата на вашиот бренд.  Со заобиколувањето на општите места при изборот на темите, ќе најдете плодна почва за успешноност на вашата кампања. Тоа работете го со партнерите, со вашите агенции, разговарајте, тоа ќе направи разлика. Она во кое јас се уверив е дека се е медиум. Ако сите во комуникациската индустрија сме храбри, за 30 години откако ќе отидеш во пензија, ке кажеш дека ова е мој придонес за општеството', смета Савиќ - Растовац. 

Нејзиниот совет е компаниите секогаш да бидат претпазливи во изборот што е најдобро решение според буџетот кој го поседуваат. 

„Парите ќе ви изгледаат малку при креирањето на секоја кампања. И малите буџети се буџети. Тоа не треба да биде демотивација во процесот на создавање кампања. Треба да се биде упорен. Кога веруваме во нешто, треба да бидеме фокусирани и упорни.  Кога одредени акции ги преземаме легитимно и оправдано, стравот не треба да постои и луѓето ќе веруваат на вашиот мотив“, вели таа.   

Според неа,  најдобрите кампањи се случуваат после четири или пет години соработка. Во тој временски период, како што вели, се покажува дека е оправдана довербата која им ја поклониле компаниите за соработка на заеднички интереси. Тогаш, се оди и чекор понапред. Кога и двете страни се свесни дека сакаат да постигнат заедничка цел, клиентите се одлучуваат на похрабри чекори. 

„Од 10 добри работи кои ќе ги смислиме, ќе се реализира една. Кој има живци и волја за таква математика, ќе добие и сатисфакција. Кој нема, тој ќе се повлече и ќе живее медиокритетски. Во тоа верувам. Умираат многи идеи, за да се реализира една добра“, истакна Савиќ - Растовац.