Business Run 2020- штафетната трка ќе се одржи на 24 октомври во Скопје. Штафетната трка Business Run 2020 е наменета за тимови од македонскиот бизнис сектор. На трката можат да се пријават сите компании, организации, институции, здруженија, дипломатски претставништва и други субјекти кои припаѓаат на деловно-општествената заедница, а се регистрирани и вршат дејност во Република Северна Македонија.

штафетна трка

Business Run 2020- штафетната трка ќе се одржи на 24 октомври


Трката ќе биде штафета со четири измени, а компаниските тимови треба да бидат во мешан машко-женски состав, за да ја одразат реалната слика на секојдневниот работен амбиент во компаниите. Патеката е долга осум километри, односно секој учесник ќе треба да истрча по 2.000 метри.

Сите заинтересирани можат да ги пријават своите тимови преку електронскиот формулар на веб страницата „Прв до врв“. Бројот на тимови што може да го пријави секоја компанија не е ограничен.

Најбрзите три тимови на Business Run 2020 ќе бидат наградени со златна, сребрена и бронзена штафета, а ќе бидат наградени и двајцата најбрзи поединци во машка и женска конкуренција, оние кои истрчале најбрз круг.

Минатата година најбрз беше тимот на Комерцијална банка, втор беше тимот на „Фитнес парк“, а третото место го освои екипата на „Телеком“

Целта на оваа трка е заедничко спортско, рекреативно и деловно дружење помеѓу компаниите и јакнење на тимскиот дух помеѓу вработените. Организатор на Business Run 2020 e здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје.