Следната цена на дериватите ќе биде повисока затоа што цената на суровата нафта последниве денови се зголеми од 75 долари, на околу 84.

Сепак, Македонја е меѓу земите со најниски цени на горивата!

Во Србија еуодиселот чини 195 динари. Цената на Европремиумот БМБ 95 ќе остане иста и ќе чини 164 динари за литар.

Поскап е бензинот во Грција, Унгарија, Албанија и во Црна  Гора, а најевтин е во Словенији - 1,273 евра.

Еуродизелот е поскап во споредба со  Србији  во Унгарија, во Грција и во Албанији, а највтин е во Македонија - 1,305.

Автоплинот во Србија е околу 102,9 динари. Во Унгарија е поскап, а најевтин е во Бугарија 0,583 евра.

Цената на барелот сурова нафта повторно расте. Иако во   декември падна под 75 долари, последниве данови повторно поскапува и во просек чини околу 84 долари, колку што беше во јануари минатата година.

Најновата анализа покажува дека цената на бензинот во  Италија од 1,83 евра за литар е највисока, зад неа е само Данска (1,94 евра за литар) и Грција (1,85 евра). На некои пумпи во Италија бензинот се  продава и над две евра за  литар. И дизелот во Италија во споредба со соседите  е најскап и чини 1,89 евра за литар. Единствено во Шведска е поскап (2,15 евра за литар).

Во Германија бензинот чини 1,74 евра за литар, а дизелот е поскап 1,85 евра. Во Франција бензинот чини 1,69 евра, а дизелот 1,77 евра за литар. Во Шпанија бензинот 1,55 евра, а дизелот 1,66.  Во некои земји што се граничат со Италија, како Австрија на пример, бензинот чини 1,49 евра, а дизелот 1,69. Бидејќи, како што спомнавме, во Словенија дериватите се најевтини, на пограничните пумпи со овие земји повторно можат да се видат колони автомобили за да турат поевтин бензин и така малку да заштедат.

Податоците кажуваат дека во декември 2022 година Иран извезол просечно 1,137 милиони барели сурова нафта дневно, што претставува зголемување од просечно 42,000 барели дневно во новември минатата година, што е рекорден извоз од 2019. година, саопштува енергетската консултантска куќа СВБ од Вашингтон.

До ова зголемување дојде и покрај американските санкции, што ги воведе Америка поради зголемената испорака во   Кина и Венецуела. Тогашниот претседател на САД, Доналд Трамп, во 2018. го напушти Нуклеарниот договор, потпишан 2015. и повторно воведе санкции со цел сузбијање на извозот на нафта и зголемување на приходите на иранската влада.

 

Помалата побарувачка од страна на Кина и зголемениот кинески увоз на руска нафта беше голем предизвик за   Иран, а наголемиот дел од иранската нафта и натаму се извезува преку други земји на Далечниот истока – во  Кина.

„Белата Куќа“ соопштуваа дека примената на санкциите  од страна на администрацијата на Џо Бајден е силна, и дека  „макроекономските бројки на Иран тоа јасно го потврдуваат”.

„Нема да се двоумиме да преземеме мерки против тие  што ги избегнуваат санкците, како ни против иранската трговија со дронови и проектили и кршењето на човековите  права на иранскиот народа”, соопштува „Белата Куќа“.

Според финансиско-аналитичкиот и медиумски гигант „Блумберг“, Кина би можела да стане клучен извозник на дизел за Европа поради санкциите што ги воведоа западните земји на руското гориво. Како што се наведува,  Кина во последните месеци го има зголемено извозот на  дизелот, од кој дел се транспортира во Европа.

Кинескиот извоз на дизелот би можел да биде меѓу 400.000 и 600.000 барели дневно во текот на првата половина од  оваа година, оценуваат стручњаците. Спрема податоците  на аналитичката компанија „Вортекс“, ЕУ минатата година  увезла околу 220 милиони барели дизел гориво од Русија.

Истовремено, според консултантската компанија ФГИ (Фацтс Глобал Енергy), да се најде замена за таков обем на испорака „ќе биде тешко, но е можно”. Земјите на Европската унија увезуваат значителни количини нафтени  деривати од  Русија, посебно дизел гориво.

Според западните медиуми, во декември минатата година увезени се рекордни количини дизел од 2016. година, при што повеќе од половина од горивото било испораќано од  Русија. Ембаргото на ЕУ на увозот на нафтни деривати од  Русија по морски пат стапува во сила на 5. февруари.