Цените на златото продолжуваат да растат. Аналитичарите на UBS предвидуваат дека во следните 12 месеци цената на златото ќе достигне 2.900 долари во случај на дополнително намалување на каматните стапки од страна на ФЕД (следното намалување може да се очекува на седницата на 6 и 7 ноември). Ова не е ниту смело предвидување, бидејќи веќе е речиси 2.750 долари. Според последните анализи цената на златото годинава е зголемена за дури 33 отсто.

Кои се факторите кои играат клучна улога во движењето на цената на златото?
Златото долго време се смета за безбедно засолниште во несигурни времиња. Во минатото, па дури и денес, некои луѓе купуваат физичко злато бидејќи знаат дека за разлика од нивните валути, постои голема шанса златото да ја задржи својата вредност. Сличен принцип важи и за финансиските пазари каде златото им нуди на трговците или инвеститорите рамнотежа помеѓу безбедноста и растот.
Според Fortrade, движењата на цената се засноваат на многу фактори, вклучувајќи ги и каматните стапки, силата на американскиот долар и геополитичките настани. Разбирањето на оваа динамика е важно кога се набљудуваат движењата на цената на златото.
Клучни фактори кои влијаат на цената на златото
Каматни стапки и инфлација: Се смета дека златото е најдобро во средини со ниски каматни стапки. Кога каматните стапки се ниски, инструментите кои плаќаат камата се помалку привлечни, што ги прави инструментите без камата, како што е златото, поатрактивни.
Златото делува како заштита против инфлацијата - кога вредноста на парите паѓа поради зголемувањето на цените, златото има тенденција да ја задржи својата вредност. Повисоките каматни стапки, исто така, би можеле да го направат металот помалку атрактивен, бидејќи инвеститорите би можеле да претпочитаат алтернативи со повисоки приходи.
Американскиот долар: Цената на златото обично е изразена во долари, што значи дека вредноста на доларот директно влијае врз цената на златото. Кога доларот е силен, златото станува поскапо за купувачите кои користат други валути, што често доведува до намалена побарувачка. Но, послабиот долар има тенденција да го направи златото подостапно на меѓународно ниво, туркајќи ги цените на повисоки нивоа. Обратната врска помеѓу златото и доларот е нешто што трговците внимателно го следат.
Геополитичка нестабилност: Златото има репутација на инструмент за безбедно засолниште во време на неизвесност. Без разлика дали станува збор за војна, политичка тензија или економска нестабилност, овие фактори имаат тенденција да ја зголемат цената на златото, бидејќи инвеститорите бараат безбедност. Конфликтите во регионите како што се Блискиот Исток, трговските војни, природните катастрофи или санкциите честопати создаваат несигурност, што може да ја поттикне побарувачката за злато.
Влијание на централните банки
Централните банки, исто така, играат значајна улога на пазарот на злато. Земјите кои се соочуваат со економска криза или се предмет на санкции би можеле да доживеат колапс на своите валути. Нивните централни банки не сакаат да останат со празни раце. Наместо тоа, тие купуваат злато за да ги обезбедат резервите на своите држави. Денес, централните банки на земјите како Турција и Русија купуваат многу злато. Кога централните банки додаваат злато во своите резерви, тоа често сигнализира доверба во долгорочната вредност на металот, туркајќи ги цените на повисоки нивоа.
Златото како заштита од нестабилност
Во време на финансиска криза, златото може да функционира подобро од другите инструменти. За време на падови на берзата или периоди на висока инфлација, нуди чувство на стабилност. Трговците и инвеститорите го користат златото за да ги диверзифицираат портфолијата и да се заштитат од загуби кога традиционалните инструменти имаат слаби резултати. Сепак, како и секој друг инструмент, и златото носи одредено ниво на ризик.
Златоро годинава неколку пати достигна највисоко ниво на сите времиња
Цената на златото скокна над 30 отсо од почетокот на годината. Војната во Украина, конфликтот на Блискиот Исток и тензиите меѓу САД и Кина околу Тајван и трговијата ја поткрепија цената на златото. Циклусот на намалување на каматните стапки во повеќето големи економии низ целиот свет, исто така, помогна да се создаде побарувачка за скапоцениот метал, поради што цената на златото неколку пати достигна највисоките нивоа на сите времиња. Во моментот на пишување, нема крај на ниту еден од конфликтите или тензиите, а централните банки како ФЕД се очекува да ги намалат каматните стапки повеќе пати и оваа година и во 2025 година.
Тргување со цената на златото
Златото отсекогаш било вредно богатство, а неговата важност уште повеќе расте во денешното несигурно глобално опкружување.
На денешните пазари, златото продолжува да биде еден од најважните инструменти за трговците и инвеститорите, честопати нудејќи стабилност за време на нестабилноста и неизвесноста. Факторите како што се каматните стапки, моќта на доларот и глобалната политика обезбедуваат клучни сознанија за тоа во која насока ќе се движи цената на златото во иднина. Според аналитичарите, цената на златото најверојатно ќе продолжи да расте, со можност до крајот на годината да достигне 2.700 долари за унца. Банката на Америка и Ситигруп предвидуваат дека цената на златото во наредната година би можела да достигне извонредни 3.000 долари за унца. Затоа тие советуваат наместо да купувате физичко злато, да ја користите можноста да тргувате со неговата цена преку разни финансиски инструменти (договори за разлика). Со тргување со цената на овој благороден метал, можете да ја искористите неговата зголемена вредност и да остварите потенцијален профит.