Четири компании го контролираат производството и дистрибуцијата на храна во светот
Половина од светското земјоделско производство го сочинуваат само четири главни култури: шеќерна трска, пченица, пченка и ориз. Сите тие ги извезуваат само неколку земји, а само четири мултинационални компании тргуваат со овие култури.

Познати како „ABCD food“ поради нивните иницијали, овие четири компании - Archer Daniels Midland (ADM), Bunge, Cargill и Louis Dreyfus - остварија огромни добивки по драстичниот раст на цените на житариците поради руско- украинскиот воен спор, пренесува tportal.
Со години, тие компании, од кои Каргил и Луис Драјфус се приватни, останаа таинствени кога се во прашање плановите, приходите и уделот на пазарот, а покрај тоа беа главни протагонисти на неколку големи скандали.
Се проценува дека тие сочинуваат меѓу 75 и 90 проценти од глобалниот пазар на житарки. И додека полјоделците остануваат речиси на дното на синџирот, тие компании земаат најголем дел од колачот поради новиот раст на трошоците за производство, цените на храната и турбуленциите на пазарот.
Cargill
Каргил е најголемата американска приватна компанија со седиште во Вејсати, град во Минесота, САД. Компанијата е основана во 1865 година во псевдобарокен замок во Средниот запад на САД, во Минетонка. Основана е од трговци со жито чии потомци сè уште имаат мнозинска сопственост. Најголемиот дел од деловните операции ги вршат во Швајцарија, и се лидери во трговијата, преработката и транспортот на најважните полјоделски производи, ѓубрива и месо.
Покрај тоа, тие функционираат како еден од најголемите светски инвестициски фондови, со годишни приходи од околу 114 милијарди долари. Имаат повеќе од 166.000 вработени во повеќе од 66 држави и покриваат 25 отсто од извозот на жито во САД.
Компанијата произведува околу половина од сите пилешки производи на Мекдоналдс низ Европа и е најголемиот снабдувач на глобалните лидери во храната како Нестле и Унилевер. На пример, од Cargill побара помош и најголемиот британски производител на чипс, Walker's, по обвинувањата дека нивниот производ содржи штетни заситени масни киселини. Каргил за само неколку месеци посеал големи површини со нов семенски сончоглед со помала содржина на маснотии низ цела Источна Европа.
Во Кина пред 20 години повеќе од два милиони локални фармери се едуцирале преку американската хемиска компанија Монсанто, а се проценува дека Cargill и другите три споменати компании денес контролираат 80 отсто од кинеските капацитети за преработка на соја, како и целото производство на оваа житарка.
Louis Dreyfus
Луис Драјфус која е основана во 1851 година, е исто така приватна семејна компанија со седиште во Ротердам. Од самиот почеток, сопствениците се фокусирале на трговијата со жито, шеќер и енергија ширум светот. Имаат филијали во повеќе од 100 земји, со 72 канцеларии.
Во Драјфус се вработени повеќе од 22.000 луѓе ширум светот. Приходите се проценуваат на 120 милијарди долари годишно. Компанијата сочинува околу десет отсто од светската трговија со земјоделски производи и е најголемиот светски трговец со памук и ориз. Многумина го сметаат и за втор по големина играч на светскиот пазар на шеќер.
Bunge Limited
Bunge Limited чие седиште е во Сент Луис, Мисури, започнала со работа кон крајот на 19 век како трговец со жито во Јужна Америка, а денес е водечки светски производител на маслодајни семиња и клучен играч на глобалниот пазар на ѓубрива и е најголем продавач на (флаширани ) растително масло. Приходите на компанијата се проценуваат на повеќе од 45 милијарди долари годишно. Според податоците од 2017 година, тие имале повеќе од 32.000 вработени во 40 земји.
Archer Daniels Midland
Четвртиот член на квартетот Archer Daniels Midland (ADM), е основан во американскиот даночен рај Делавер, со седиште во Илиноис, а неговото седиште е во Чикаго. Минатата година компанијата заработи 85 милијарди долари и вработува повеќе од 38.000 луѓе. Потеклото на ADM датира од времето на дробење семиња, со што компанијата започнала во 1902 година. Таа управува со повеќе од 270 култури и 420 објекти за набавка на семенски култури низ светот, а житариците и маслодајните семиња се преработуваат во производи кои се користат на пазрите за храна, пијалаци и пазари на хранливи материи, индустрија и добиточна храна ширум светот.