Неодамна беше објавено дека некои од најголемите имиња во технолошкиот сектор ги повикале лабораториите за вештачка интелигенција да направат пауза од истражувањето најмалку шест месеци. Како причина тие ги наведоа „длабоките ризици за општеството и човештвото“.

Ова барање не е без основа. Од крајот на минатата година, прашањето за вештачката интелигенција е главна тема во технолошкиот сектор. Уште сега погодува кои работни места ќе ги замени и што ќе може да работи. Но, она што е очигледно е дека нема контрола. А стравот дека можеби се отиде предалеку е можеби повеќе од оправдан.

Според Заин Кан Илити- „човекот со вештачка интелигенција“ кој го објавува билтенот „Суперчовек“ и има стотици илјади следбеници на мрежите како LinkedIn и Twitter, само во март биле објавени над 1000 нови алатки кои работат на основа на вештачка интелигенција.

„ChatGPT е само врвот на ледениот брег“, пишува тој.

Издвојуваме шест, барем за нас, најинтересни нови алатки за вештачка интелигенција, кои се однесуваат на прашања поврзани со бизнисот и работењето.

Krisp AI

Апликација за поништување  на бучава заснована  на вештачка интелигенција која ја стишува буката во позадина при повиците во реално време. Неговата примена е најдобра кога станува збор, на пример, за состаноци на ZOOM платформата.

Gama AI

Апликација со GPT-4 технологија која може да креира убедливи презентации за неколку минути.

Со Gama, можете да креирате интересни презентации, белешки, извештаи и документи за кои е лесно да се разговара во живо или да се споделуваат асинхроно.

Taskade AI

Тоа е тимски организатор со вештачка интелигенција којшто го поедноставува начинот на кој работи вашиот тим.

Ви помага да ја дистрибуирате работата меѓу членовите на тимот за да ја завршите работата побрзо и попаметно. Оваа апликација управува со задачите, организира податоци користејќи умствени мапи, разговара со тимот и прави белешки.

Kickresume AI

Оваа алатка за вештачка интелигенција ви помага да добиете пет пати повеќе интервјуа за работа.

Можете да го автоматизирате креирањето на CV со помош на алатки за изработка на  биографија покренати со вештачка интелигенција.

Uizard

Вистинската иновација не се разликува од магијата - така се чувствува Uizard, вели Кан.

„Нацртајте ја вашата идеја на парче хартија и гледајте како Uizard го претвора скенирањето во прекрасен дизајн за неколку секунди“.

Perplexity

Perplexity е апликација за пребарување која обезбедува инстант одговори и цитирани извори на која било тема. Можете да научите и истражувате побрзо од кога било досега со дополнителни прашања, гласовни пребарувања, историја на пребарување и многу повеќе. (Бонитет)