Црн петок е разговорен израз за денот петок што следи по Денот на благодарноста во САД. Традиционално го означува почетокот на божиќната шопинг сезона во САД. Многу продавници нудат високо промовирани продажби по намалени цени и често се отвораат многу рано, понекогаш дури на полноќ или дури и на Денот на благодарноста. Црн петок е најпрометниот шопинг ден во годината во САД од 2005 година.
Но, во Македонија има примери на бизниси кај кои црниот петок го рекламираат дека трае една недела, а негде дури и повеќе. А граѓаните и оваа како и изминатите години шетаат по маркетите и продавниците и коментираат дека попустите всушност се лажни.
„Реално, нема ништо намалено. Бев во продавница за бела техника и ако може да се каже дека минимален попуст има на мал дел од производите. Ако се земе предвид дека сите производи и претходно беа поскапени, значи во суштина, попуст како и да нема“, коментира 45 годишната Ивана.
Со цел да се спречат измами и маркетиншки трикови за лажни попусти, во пресрет на Црниот петок, Управата за јавни приходи излезе со соопштение дека обврска на трговците е да ги прикажат попустите за Блек фрајдеј во фискалните сметки.
![](https://antoris.mk/files/Attachments/Articles/1733119486_%D0%BF%D0%B5%D1%82%D0%BE%D0%BA.jpg)
„Во пресрет на најавениот Црн петок, Управата за јавни приходи упатува препорака до сите даночни обврзници кои ќе применуваат попусти на цените на своите производи и услуги, истите да ги изразат и наведат при издавање на сметката, односно, пресметаниот данок на додадена вредност да биде наведен во сметката со новосоздадената цена. Даночните обврзници кои вршат промет на добра и услуги а за кои плаќањето се извршува готовински, должни се да поседуваат фискален систем на опрема (ФСО) , задолжително да издаваат фискални сметки при вршење на продажба и промет и на видно место, да постават соопштение со кое го информираaт купувачот на доброто за неговата обврска да побара фискална сметка“, велат од институцијата.
И Пазарниот инспеторат најави засилени инспекции за Црниот петок и за деновите кои следуваат отпосле, бидејќи трговите најавиле дека попустите ќе има траат подолго од еден ден.
„Посебно внимание ќе биде посветено на продажните акции за „блек фрајдеј“ со цел спречување на доведување во заблуда на потрошувачите и примена на измамнички трговски дејства“, велат од таму.
Американците шопингувале за еден ден речиси 11 милијарди долари
На традиционалниот „црн петок’, Американците преку интернет годинава купиле производи во вредност од 10,8 милијарди долари, користејќи ги нивните мобилни телефони и компјутери, според ажурираните податоци на Adobe Analytics, пренесуваат светските медиуми.
Зголеменото купување преку интернет ги фаворизира гигантите како „Amazon“ и „Walmart“. „Walmart“, кој работи со 4.700 продавници во САД, инвестираше многу во достава до дома за да ја зајакне е-трговијата.
Трошоците на американскиот „онлајн црн петок“ се зголемија за 10,2 отсто оваа година, соопшти Adobe, кој води евиденција за уредите кои го користат нејзиниот софтвер за да овозможи повеќе од милијарда посети на сајтови за малопродажба во САД.
Минатата година, американските купувачи потрошија 9,8 милијарди долари онлајн на црниот петок и 9,1 милијарди долари во 2022 година, соопшти Adobe. Најдобрите продавачи на интернет вклучуваа козметика, производи за нега на кожа и коса, како и Bluetooth уреди и машини за еспресо.
Продажбата на играчки преку Интернет е зголемена за дури 622 отсто, во однос на просечната дневна продажба во октомври, додека продажбата на накит е зголемена за 561 отсто, а на различни уреди за 476 отсто во однос на октомври.