Издавачката куќа „Чудна шума“ најавува нови книги за деца, од кои едната ни привлече особено внимание.

Станува збор за првата книга за деца на музичарот и продуцент Мирко Попов и уметницата Нита Муча (илустраторка на „Sвезда Мрак и суштествата од Страшкоград“). Книгата носи наслов „Розевата планета“ и веќе сега претставува предизвик и за децата, а особено за нивните родители, што точно излегува од кујната на тандемот Попов - Муча.

Инаку, Мирко Попов е најмногу познат како диџеј и член на електронскит состав ПМГ Колектив, а често се занимава и со мултимедијална уметност.


Но, тоа не е се што ни предизвикува внимание. Имено, уредничката на „Чудна шума“, писателката Билјана Црвенковска на својот фејсбук-профил напиша дека Румена Бужаровска и Јана Јакимовска повторно напаѓаат, шерувајќи го постот на Јакимовска, како и нејзината илустрација...

„Дури народот по плажи се брчка
во нашата кујна нешто се крчка!“.

Што ли се крчка во кујната на Румена, голема македонска и регионална писателска ѕвезда, идокажаниот уметник Јана Јакимовска, докажан ликовен уметник, ќе дознаеме наскоро?! Во „Чудна шума“...