Daimler AG од денес  под името Mercedes-Benz Group AG. Германскиот производител на луксузни автомобили во големи серии, Daimler AG од денес и официјално преименуван во Mercedes-Benz Group AG.

Потегот, се случува речиси една година по статусната промена на одвојувањето од компанијата на профитните центри кои се занимаваа со производство на камиони и автобуси.

Daimler AG од денес под името Mercedes-Benz Group AG

Според извршниот директор на Daimler, Оле Келениус, овој чекор ќе биде важен за зајакнување на пазарната капитализација на компанијата.

Овој чин претставува само уште еден во низата структурни промени на производителот на автомобили што го започна својот живот во 1926 година како Daimler-Benz AG, по спојувањето на две компании - Daimler Motor Company и компанија посветена на развојот на автомобили Benz & Cie.

Самата марка „Мерцедес“ беше именувана по Мерцедес Јелинек, директниот женски потомок на  автомобилскиот ентузијаст, Емил Јелинек и основач на компанијата и како таков беше официјално усвоен од Daimler AG во 1902 година.

„Целта е да се отклучи вредносниот потенцијал на капиталот во однос на цените на акциите“, рече Ола Келениус за новинарите, без да наведе колкава сума од пазарната капитализација може да се смета за целна. Инаку, компанијата во моментов на берза вреди нешто помалку од 77 милијарди евра.

„Имаме реални шанси да ја умножиме таа вредност“


Акциите на  Daimler Truck AG, која се отцепи од „големиот Daimler“ во декември 2020 година, благо добија на вредност од нивното деби на пазарот и беа продадени по цена од 32,23 евра на крајот на минатата недела. Од друга страна, вредноста на акцијата на Mercedes-Benz порасна откако беше објавено одвојувањето во февруари, што е највисоко ниво од 2015 година, достигнувајќи 74,25 евра на денот на поделбата, но оттогаш тие се движат малку пониско, и се тргуваат по 71,15 евра за акција.

Поделбата треба да обезбеди чиста ситуација за акционерите со појасно диференцирана програма за производство, бидејќи акциите на традиционалните производители на автомобили стануваат сè попопуларни кај акционерите кои вртоглаво ја зголемија пазарната капитализација на Tesla. Наградата за старите производители на возила доаѓа и како одговор на прокламираните цели за транзиција кон електромобилност.