Дали експертот во работата е добар советник?- Ова прашање го наметнува денешниот начин на креирање и започнување на сопствен начин на работа по упатство на успешните.

Консалтинг е голем бизнис денес. Добар советник се нуди како таков на најмалку половина од интернет страниците и полиците за книги.

И самите сте сведоци дека советите на експертите и мајсторите на нивната работа ги има насекаде. Тие нудат тајни формули од тоа како да заработите милиони до како да подготвите здрав оброк за 12 минути. А, за да сметате некого за потенцијален советник, прво мора да го прочешлате неговиот живот, работа и резултати. На крајот на краиштата, советниците или како се нарекуваат, консултанти, честопати самите ви ги презентираат своите искуства и достигнувања за да не си го губите времето.

Дали е вистина секој експерт и добар советник?

Или, чии совети треба да се следат за загарантиран успех?

Стручен и научен

Денес можете да слушнете големи имиња како зборуваат за нивните успеси и патишта.

Зарем не е привилегија да се слушне како Мартин Скорсезе снима филм? Или, како Стивен Кинг ја обликува приказната во роман? Или, ненадминатиот Ворен Бафет, како и кога инвестира пари?

Секако дека Е. Но, да се биде добар во нешто и да се постигне мајсторство не значи да се биде добар во давањето совети, да се пренесуваат своите искуства на другите, да се поучуваат другите. Постојат неколку причини зошто експертите во една област често не се добри наставници.

Прво, подучувањето на некого на нешто подразбира дека наставникот поседува одредено знаење. Тој мора да знае како го прави тоа што го прави за да може да им го објасни целиот процес на другите. Тој мора да биде свесен за текот и деловите од процесот и да ги презентира квантитативно.

Исто така, добар учител мора да биде трпелив, вешт во комуникацијата и јасно презентирање на мислите. Мора да се соживее со ученикот-почетник пред него и да сфати што е тоа што му треба. Тука е и мотивацијата на наставникот-советник, што се подразбира. За советникот да биде добар советник, тој или таа мора да сакаат да даваат совети.

Ако добиете совет од реномирани експерти, дали тоа ви гарантира врвен резултат?

Најдобр од најдобрите

Неодамна, група истражувачи (2021) предводени од Дејвид Левари беа заинтересирани да одговорат на ова прашање, охрабрени од медиумскиот налет на големи имиња кои советуваат и гарантираат резултати со своето искуство и експертиза.

Истражувањето даде одговор на прашањето дали луѓето навистина очекуваат експертите во исто време да бидат и експерти за пренос на знаење. „Да“, одговориле повеќе од половина од испитаниците. Тие потврдија дека најмногу ги слушаат советите на најдобрите во бизнисот бидејќи сметаат дека тоа е нивниот сигурен пат до успехот.

Но, практиката потврди дека не е важно дали советот го дава врвен експерт или некој со просечна стручност. „Советите на мајсторите беа корисни“, напишаа истражувачите во заклучокот, „но не покорисни од советите на просечните“.

Со други зборови, учесниците во студијата очекуваа најдобри совети од најдобрите, но тоа се само нивни очекувања и верувања затоа што во пракса не беше покажан нивниот значителен напредок.

Кој е добар советник?

Се покажа интересно и збунувачки - зошто учесниците ги оценија советите на експертите како многу подобро иако во реалноста тие не беа супериорни и нивната примена не донесе значително подобрување во практиката? Што им се допаѓа на луѓето за најдобрите совети? Зошто нивниот совет „звучи подобро“?

Истражувачите го добија одговорот.

Со анализа на советите што ги даваат и најдобрите и просечните во својата област, дошле до заклучок дека најдобрите или експертите даваат повеќе информации и предлози кога даваат совети, што има силно влијание врз слушателот. Таквиот совет делува и така што слушателите веруваат дека ќе им донесе подобрување.

Заклучокот што ќе изненади многумина е дека всушност советот на најдобрите не е најдобар во смисла дека носи многу повеќе подобрување кога се применува во пракса. Нивниот совет едноставно звучи подобро бидејќи во него има повеќе детали.

Истражувачите, меѓу другото, препорачаа:

Ако сакате да ја совладате вештината Х, бидете мудри да се консултирате и да побарате совет од добар учител за вештина Х, а не од мајстор кој ја совладал таа вештина.