„Водењето бизнис треба да ви донесе слобода, а не да ве врзува за работна недела во која ќе работите 80 часа и која сигурно ќе ве остави исцрпени“, категорично тврди Дејвид Финкел, познат во деловната заедница како борец за работа што ќе донесе резултати, но и приватен живот.

 

„Со текот на годините, гледав како многу сопственици на бизниси ненамерно создаваат работно место за себе, наместо вистински бизнис што може да расте и да напредува.“

Дозволете ми да споделам со вас една приказна од моето искуство со клиенти што го илустрира овој проблем“, пишува Дејвид Финкел во текстот за слободата и како да ја добиете во бизнисот.

Заглавена во сопствената шема 

Една клиентка на Финкел била сопственичка на две успешни Монтесори училишта, секое со повеќе од сто запишани деца. Иако била горда на резултатите, реалноста била помалку розова. Помеѓу дневните обврски околу организацијата и управувањето, комуникацијата со грижливите родители и наставници, таа работела најмалку 80 часа неделно. Честопати и повеќе од тоа. Иако ги сакаше своите ученици, немаше време за сопственото семејство.

„Барајќи решение, и честопати малаксана од замор од секојдневните предизвици и задачи, таа ја открила шемата што ја држела заглавена. Колку училиштата биле поуспешни, толку повеќе се зголемувало нејзиното работно оптоварување. Зошто? Бидејќи сè уште се зависеше од неа“, пишува Финкел.

Стандардизацијата-излез од системот „работи понапорно, а не попаметно“

Клучен пресврт настанал кога сфатила дека изградила систем што зависи од нејзиното постојано присуство, наместо од процедури и лидерски тим.

„ И не била единствената. Безброј сопственици паѓаат во фазата „работи понапорно, а не попаметно“. За да го прекинеме тој циклус и да овозможиме раст, ги мапиравме сите операции што ги одржуваат училиштата.

Потоа ги идентификувавме задачите што таа треба лично да ги извршува (како што се, да речеме, конечно одобрување на буџетот) и кои може да ги делегира - на пример, распоред за наставниците или дневна комуникација со родителите.

Истото ова можете да го направите и со вашиот бизнис. Прашајте се: „Дали ова може да се стандардизира, пренесе преку обука или автоматизира?“

Без разлика дали станува збор за соработка со нови клиенти, закажување состаноци или следење на финансиите, повеќето секојдневни задачи можат да се систематизираат. Ова значи создавање јасни чекори што вашиот тим може да ги следи без ваш постојан надзор. Колку повеќе им препуштате на системите, толку помалку ќе треба лично да надгледувате, а со тоа ќе отворите повеќе простор за раст на компанијата“, советува Финкел.

Делегирањето услов за силна лидерска структура

Делегирањето исто така значи градење силна лидерска структура. Кога унапредувате или вработувате луѓе да водат клучни функции како што се операции, маркетинг или финансии, има промена. Вие повеќе не сте одговорни за сè. Вашата улога се сведува да обезбедите напредок и резултати.

„За мојата клиентка, сопственичка на училиштата, назначувањето на способен оперативен лидер во секое училиште беше клучно. Таа јасно ги дефинираше одговорностите, постави едноставен систем за следење на перформансите и го охрабри секој лидер да ја „поседува“ својата област.“ За само неколку месеци, таа го преполови бројот на часови што лично ги работеше, го намали стресот и се фокусираше на стратешки раст“. Ова е еден од примерите на Финкел.

Бизнис што зависи од сопственикот секогаш ќе наиде на таван. Ќе формира циклус на замор и ограничен раст. Спротивно на тоа, бизнис што не зависи од сопственикот може да расте и да го зголеми обемот на бизнисот со многу помалку напор. Дури и кога основачот не е постојано присутен, структурата овозможува непречено функционирање. Заедно со тоа доаѓа и слободен ментален простор за планирање нова локација, развој на иновативни производи. Или, едноставно да уживате во вашето слободно време, кое е лично, од сопственик до сопственик.

„Ако се чувствувате преоптоварено, знајте дека постои решение. Сосема е можно да се трансформира исцрпувачка работа во динамичен бизнис што расте и напредува. Започнете со идентификување на она што можете да го систематизирате. Ангажирајте или обучете способни лидери и следете ги резултатите преку јасни метрики. Брзо ќе увидите дека кога ќе изградите бизнис што може да функционира самостојно, имате доволно слободно време и раст  поради кој што воопшто сте зачекориле во бизнис водите. Ова е еден од заклучоците на Дејвид Финкел, автор на неколку книги и основач на MauiMastermind.