Најавата за реорганизација на Македонскиот пензиски систем значи потврда на тоа што сите што барем малку гледаат со економската логика, тврдеа дека тој е неоддржлив и дека му се заканува уривање од кое можат да настрадаат и сегашните и идните пензионери. Логичните заклучоци и порано и сега се темелат на фактите што укажуваат на тоа дека фондот ја речиси ја загуби приходната основа, односно дека бројот на вработени од чии бруто плати се полни пензискиот фонд постојано се намалува, па така соодносот на вработени што „издржуваат“ еден пензионер се сведе на 1:1,6, за разлика од соодносот во времето на пораеншна Југославија во која тој изнесуваше 1:7, што значи во тоа време придонесот од седуммина вработени одеше за алименатација за еден пензионер. Причините за овој дисбаланс се одамна познати: губењето на 200 илјади работни места во времето на приватизацијата, нелегалното вработување, сивата економија, и што е најпогубно – немањето здрава економска политика во оваа смисла, а таа смисла е економскиот развој на земјава, која поради тоа се најде на најниското место во Европа според стандардот на живеење на граѓаните, особено на пензионерите, кои од страв да не го изгубат и тоа малку што им го „дава“ државата, се задоволуваат со минимални линерани понижувачки покачувања од илјада денари. За да се спади пензискиот фонд, односно за да има пари да ги исплати пензиите на пенизноерите, државата со години префрла огрома сума пари во пензискиот фонд на штета на општиот развој, на капиталните инвестиции, на другите социјални фондови и на нови школи, домови за стари лица, здравството и друго, па така сумата што се префрла од главниот во пензискиот фонд достигна до 500 милони евра гдишно за 350 илјади пензионери. За споредба можеме да кажеме дека од милион работоспособно население, работа имаат само околу 700 илјади, а и таа бројка постојано и секојдневно се намалува со иселувањето на населението.           

Ножот дојде до коска , па државата веројатно има побарано совет и помош од бретонвудските близнаци (ММФ и Светската банка) и тоа, како што велат државните функционери, „под радарот“, со што, всушност, признаваат дека смаите не можат да го решат овој проблем, затоа што тој не е сегашен и не е создаден во еден момент, туку нашиот фонд „диши“ од многу одамна, а ние немаме таков чеп ни вештина да го затнеме и да го стабилизираме.

Се разбира дека двете монетарни светски институции го предлагаат налјогичниот и наједноставниот лек, но за нас најгочливиот, а тоа е зголемување на старосната граница за пензионирање и повисока стапка на придонеси што треба да ги плаќаат работодавачите од бруто платите на секој вработен на адраса на пензискиот фонд. Товарот секогаш паѓа на плеќите на обичниот човек, кој за ништо не е виновен, единствено е виновен за тоа што бара пристоен живот и малку комоција, колку да не падне под човековото достоинство, односно неговиот живот да не личи на животинско преживување, а тоа е - работа и слама за храна.

Досега во Макеоднија се виде дека никој од тие што ја креираат економската политка и развојот на земјата нема обѕир кон хаумата димензија на животот. Првин, кај нас да се дочека панзијата е успех, поради лошиот начин на живот, стресовите на работа и постојаната закана  од отпуштање од работа, поради скромната исхрана, поради неможноста за регенерирање на работната сила, потоа во времето на пенсизкиоет стаж тој станува уште потежок поради скапите лекови, минималната можност за лекување во јавното здравство, високите режиски трошоци (сметки за струја, вода, телевизија), а најмногу поради безнадежноста дека работие ќе се средат пред крајот на животот. Продолжувањето на работниот стаж, би значело што би рекол народот, „од работа на гробишта“, а освен тоа, големо прашање е кој од тие што доживуаат пензија во овој законски рок од 64 годишна возраст се подготвен и физички и мантално да продолжат да работат, особно при неодстиг на јавен превоз и лошите услови за работа во фирмите, се разбира со чест на исклучоци, но имавме примери кога странските инвеститори им забрануваа на вработените да користат пауза во текот на цлиот работен ден, а за физиолошките потреби им велеа да си носат на себе пелени.    

Вториот дела од пробелемот што ќе се јави, ако овие мерки се прифатат и се спроведат, е наметот врз јавниот сектор за поголемо зафаќање што би значело поголем процент од буџетот за сопствените вработени, а за фирмите и минималните зафаќања од нивниот приход го сметаат за тежок удар врз нивниот финансиски биланс.

Од вкупните придонеси што ги плаќаат газдите за своите вработени 18,8% одат во фондот на ПИОМ. Од нив 6% се префрлаат во вториот задолжителен пензиски фонд.

Со новите мерки може да се јави ситуација на отпуштање од работа и нови притисоци врз социјалните фонфдови.  

Млади што чекаат и што сакаат да се вработат во својата земја се помалку има, а и иднината воопшто не е опитмиситка, послендите податоци од Државниот завод за статистика кажуваат дека оваа година во прво одделение ќе се запишат речиси 5 илјади првачиња помалку од минатата година, бројка која е слика на македонската животна трагедија за која предупредуваа еконокистите многу  одамна.

Сега, ако се и да се направи некаква реформа во панзискиот систем, таа нема и не може да даде резултат на краток рок. Всушност, тие што веруваат дека воопшто е можна некаква реформа без задолжување на земјата  во странство, се наивини. Долговите ќе растат, а земјата се повеќе ќе осиромашува, животот навистина ќе се сведе на живот во некоја орвеловска животинска фарама.  

Оценката на Светската банка за пензискиот систем во Македонија беше објавена во 2024 година, во која уште тогаш препораките на Светска банка беа да се зголеми старосната граница. Нашето Министерството за социјала, пак, божем не ја разбира работата и соопшти дека се’ уште не ја добило анализата, па откако ќе ја добиело, заедно со останатите владини претставници ќе одлучува дали понуденото решение ќе го прифати. Демек, може и да не го прифати, ама нема свое решение. Одамна се знае дека за одржлив пензиски систем се смета соодносот од најмалку тројца вработени од нивната бруто плата да обезбедуваат пензија за еден пензионер.

Во Македонија има над 350 илјади пензионери. Старосната граница за одење во пензија е 62 за жени и 64 години за мажи.

За одржливост на пензискиот систем зголемување на старосната граница на 67 години бараше и Фискалниот совет. Но, власта ваквиот предлог го одби. 

Европски пензиски примери

Ако под „најдобар“ се смета комбинацијата од висината на пензиите, сигурноста, финансиската одржливост и квалитет на управувањето, тогаш, според најновиот Mercer CFA Institute Global Pension Index 2025, најдобар пензиски систем во Европа и во светот има Холандија.

 

   Најдобрите европски пензиски системи

          Земја           Индекс 2025          Оцена

1.    Холандија           85,4                        A

2.    Исланд                84,0                        A

   3.   Данска              82,3                        A

   4. Шведска             78,2                        B+

   5.   Финска              76,6                        B+

   6.  Норвешка          76,0                        B+

   7. Швајцарија         72,4                         B

   8. Франција            70,3                         B

   9. Белгија                69,2                        B

 10. Хрватска              68,7                       B

 11. Германија             67,8                       B

 12. Португалија          67,6                      B

 13. Ирска                   67,7                      B

14   Шпанија                63,8                   C+

15   Италија                57,0                   C

16   Полска                 57,0                   C

17   Австрија               54,5                  C

 Податоците за земјите од ЕУ се потврдени и во документ на Европската комисија.

Зошто Холандија е прва?

Холандскиот модел е особено интересен затоа што не се потпира само на државната пензија, туку има повеќе столбови: oсновна државна пензија – обезбедува минимална сигурност во староста;

-      задолжителни/широко распространети професионални пензии преку работодавачите и пензиските фондови,

   -  приватно доброволно штедење.

Токму оваа комбинација овозможува релативно високи пензиски приходи, додека огромните пензиски фондови создаваат капитал кој се инвестира и долгорочно го поддржува системот.

Каде е Македонија?

Македонија не е опфатена во рангирањето на Mercer CFA за 2025, па не можеме коректно да кажеме дека е, на пример, „25-та“ или „30-та“ во Европа.

Но, ако ја споредиме Македонија со Холандија, Данска, Хрватска и Германија, ќе видиме една важна работа: Македонија иако има повеќестолбен систем, проблемот е што вториот столб сè уште е релативно мал, а првиот столб, како што рековме погоре во текстов, има голем финансиски товар.

Значи, Холандија не е прва само затоа што има богата држава. Нејзиниот систем успева голем дел од приходот пред пензионирање да го претвори во пензиски приход.

Најголемата разлика: каде одат парите?

Кај нас во 2025 година задолжителниот пензиски придонес изнесува 18,8% од бруто-платата:

- 12,8 процентни поени → прв столб (ПИОМ)

- 6 процентни поени → втор столб, индивидуална сметка

Тоа е суштината на македонскиот двостолбен систем.

Во 2025 година средствата во задолжителните пензиски фондови достигнале 188,34 милијарди денари, а заедно со доброволните фондови средствата од вториот и третиот столб достигнале 18,53% од БДП. Вториот столб покривал околу 79% од активното население.

Тоа всушност е значителна акумулација на капитал.

Но, Македонија има еден голем проблем! Македонија истовремено мора да ги плаќа пензиите на денешните пензионери, додека дел од придонесите на денешните работници се префрлаат во нивните лични сметки во вториот столб. Тоа создава т.н. транзициски трошок.

Според ММФ, тој достигнал околу 1,4% од БДП во 2024 година, а вкупниот пензиски дефицит бил околу 3,5% од БДП. ММФ очекува дефицитот во среден рок да се движи околу 4–4,5% од БДП, ако не се направат структурни промени.

И тоа е парадоксот:

Вториот столб е добар за идните пензионери, но неговото финансирање во транзициониот период го зголемува товарот врз денешниот државен буџет.

Пензиските средства во Холандија на крајот од 2024 година изнесувале 150% од БДП. Македонските задолжителни и доброволни фондови заедно изнесувале 18,53% од БДП во 2025 година. Тоа е огромна разлика. Но, треба да се има предвид дека Холандија го гради овој систем со децении.

Германија

Германија е интересна затоа што има силен прв столб. Придонесот во задолжителното пензиско осигурување во 2026 година е 18,6%, половина го плаќа работникот, половина работодавачот. Но, германскиот систем е многу повеќе зависен од тековните придонеси отколку холандскиот и данскиот.

Пензиските фондови во Германија имаат средства еквивалентни на само околу 6,4% од БДП, наспроти 150,9% во Холандија и 206,4% во Данска.

Оценката ан ОЕЦД

OECD проценува дека реформата ќе ја зголеми идната пензиска адекватност, но и долгорочните буџетски трошоци. Ова е многу важно за Македонија: самото зголемување на пензиите не е пензиска реформа.

Што би требало да направи Македонија?

Ако целта е Македонија постепено да се приближи кон холандско-данскиот модел, реформата би требало да оди во шест насоки.

- да се зајакне вториот столб (денес само 6% од бруто-платата оди во вториот столб).

- да нема нагло зголемување, затоа што тоа би го зголемило транзицискиот товар врз ПИОМ,

но долгорочно да се размислува за постепено зголемување, на пример: 6% → 7% → 8% → 9%, зависно од финансиската состојба на ПИОМ.

- да се создаде вистинска професионална пензија

Ова е можеби најголемата лекција од Холандија и Данска.

Во Македонија третиот столб постои, но е слаб: само околу 4,5% од активното население има доброволна или професионална сметка.

Треба да се стимулираат работодавачите да плаќаат дополнителна пензија за своите работници.

Тоа би создало трет извор на пензиски приход без целосно да зависи од државниот буџет.

- пензиите да се усогласуваат со јасна формула

ММФ предупредува дека честите ад-хок зголемувања го ослабуваат односот меѓу уплатените придонеси и пензиските права и го зголемуваат фискалниот ризик.

Значи, наместо политичка одлука: „оваа година ќе дадеме +1.000 денари“, подобро е однапред утврдена формула, на пример: 50% инфлација + 50% раст на платите.

Така пензионерот ќе знае што го очекува, а државата знае колку ќе чини системот. Но, големо прашање е кој ги менаџира пензиските фондови, дали луѓе што знаат и што имат шесто чуло за инвестирање на парите од пензиските фондови, како холандските стручњаци, или кадри дојдени од други некои институции по инерција на партиското ротирање во договор со коалиционите партнери.