Дали знаете што е Hanare Zen? Ако живеете во мал простор и работите од дома, овој простор ви е повќе од потребен. А,  трендот не е тешко да се претпостави дека одаѓа од Јапонија.

Дали знаете што е Hanare Zen?

Работата од дома, создадена како масовен феномен поради пандемијата, дефинитивно ги помести границите во светот на бизнисот.

Со текот на времето, се роди потребата канцелариите во домот да бидат поубави, попрактични и поудобни. Се прашувате како удобноста и малиот простор одат заедно? Еве еден соодветен пример.

Јапонскиот дизајн е познат по својот минимализам и по тоа, работите да бидат што поедноставни. Затоа, не е изненадувачки што водечкиот градител во земјата се обидува да се "фати во костец " со недостатокот на простор во домот, па затоа прави мали објекти како канцеларии.

Тие мали објекти можат да се направат до куќата за само два дена, ако времето дозволи.

Така наречената Ханаре Зен (Hanare Zen ) е зграда широка 91 см и долга 1,8 метри, опремена со приклучоци за струја, биро и со многу малку детали.

„KI Star Real Estate“, популарна градежна компанија, на 6. септември започна да прима нарачки за Ханаре Зен, со надеж дека ќе најде клиентела меѓу оние што работат од дома, но во тесен простор.

Hanare на јапонски значи „одделно“, додека Зен е добро познат поим. Всушност, Ханаре првично беше создаден како еден вид простор за складирање, но поради ситуацијата со пандемијата, се појави потреба да се развие во работен простор.

Zen во името има симболично значење и претставува минималистички концепт, така што се прифаќа само она што навистина е потребно во работниот простор. Како што можете да видите на фотографиите, тие се маса, стол, светилка, лаптоп, слика на ѕид, растение.

Велат дека е дизајниоран за луѓе кои имаат потешкотии да најдат удобен простор за работа во својот дом и не сакаат да го вознемируваат своето семејство, пренесува Гардијан.