„Дарис инженеринг“ ќе гради џиновски филтер за воздух во Ѓорче Петров. Пред незавршениот деловен центар во општина „Ѓорче Петров“, во непосредна близина на кружниот тек и споменикот, за неколку дена ќе почне да се гради џиновски пречистувач за воздух. Воздушниот прочистувач е иновација на инженерот Петре Ристевски, основач и сопственик на фирмата „Дарис инженеринг“.

Објектот ќе има форма на коцка. Во основата ќе биде со димензии 2,5  на 2,5 метри. А, ќе биде висок 6,5 метри (отприлика во висина на двокатна зграда).

Објектот ќе го гради фирмата „КМГ ЕОЛ Квазар“, со панели од сопствено, домашно, производство. Фирмата изведувач ја има избрано лично иноваторот Ристевски.

Ристевски вели дека ова ќе биде првиот ваков објект во светот. Пример и доказ за инвентивноста на домашната научна и иновативна милса која треба многу повеќе да се поддржи и стимулира. Пред се заради општиот општествен интерес и економски развој врз основа на сопствената памет. Бирократијата да се стави на услуга на стопанството и иноваторството, а не да живее сама за себе. Тогаш сликата во нашата еконимја би била многу поразлична, вели Ристевски.

„Коцката“  ќе биде единствениот амбиентален прочистувач на воздухот направен од природни материјали.

Како што вели Ристевски,  тоа е џиновка правосмукалка, која енергијата ќе ја прима преку сончеви панели, што значи нема да троши енергија од необновливи извори и ќе биде енергетски независкна.

„Тајната“ е во филтерот , вели Ристевски, кој е срцето на кулата. Тој вели дека оваа џиновска правосмукалка, од една страна ќе вшмукува загаден, а од другата ќе исфрла чист воздух. Загадениот воздух ќе поминува низ филтерот, кој ќе ги задржува штетните честички, а пречистениот  воздух, со помош на вентилатори ќе се издувува надвор, односно повторно ќе се враќа во атмосферата.

Ваквата конструкција овозможува прочистување на 100 000 кубици на час, а влијанието на пречистениот воздух ќе може да се почувствува во радиус од 100 метри, што ќе биде утврдено со точни мерења по изградбата на пречистувачот, вели Ристевски.

„Дарис инженеринг“ ќе гради џиновски филтер за воздух во Ѓорче Петров

Филттерот е направен од 100 проценти природни материјали што можат да се најдат во земјава. Амбиенталниот прочистувач ќе биде поставен на челична конструкција.

Ова е прва иновација на фирмата „Дарис инженеринг“ што ќе биде изведена. Фирмата има и други иновации, како што се громобрани, со сосема нова технологија во споредба со старите.

Гутереш: Заштитата на планетата не напредува 

Еклозите велат: „Размислувај глобално – дејствувај локално! Според оваа крилатица, реализацијата на прочистивачот на воздух во Ѓорче Петров можеме да ја  наречеме остварување на овој императив, важен за целото човештво.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Анотнио Гуртереш, пред некоку дена изјави дека 2020 година е најтешката година, отккако се регистрираат податоците. Годината ја одбележаа пожари, суши, поплави, топење на глечерите и зголемување на нивото на морето.  Гутереш рече дека светот е далеку од колосекот во однос на преземањето чекори со кои би се спречиле најстрашните последици од климатските промени. Извештајот за глобалната клима 2020 покажува дека опасното нарушување на климата е предизвикано од човечките активности, од човечките одлуки и од човечката лудост.

 

Бране Стефановски